0 0
Вкусно слатко од Дива Капина – Рецепт !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

2 килограми капина диви капини
1400 грама шеќер во зрно

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Вкусно слатко од Дива Капина – Рецепт !

Вкусно слатко од дива Капина !

  • Medium

Ingredients

Directions

Share

Слаткото од диви капини едно од највкусните традиционални слатка кое се подготвува кај нас со децении. Го приготвуваа моите баби и мајка ми на едноставен начин, а се користи во текот на целата зима за многу десерти, торти, палачинки или традиционално да се послужат гостите. Од едноставен рецепт до вкусно задоволство.

Следете ги деталите за подготовка подолу !

Steps

1
Done

Подготовка

Пред да го подготвите слаткото од капини, потребно е да ги измиете од нечистотии.
Ако правите една доза од рецептот користете тенџере најмалку од 5 кг.
Измиените капини треба да ги распоредите во неколку редови, притоа секој ред да го покриете со шеќер во зрно. Започнете со ред капини на дното од тенџерето и врз нив додадете шеќер колку да се покријат убаво.
За 2 килограми капина ви се потребни 1400 грама шеќер во зрно.
Ред капини, ред шеќер и на крајот завршете со шеќер.
Вака приготвени оставете ги да отстојат најмалку 2 часа за да може капината да ги пушти соковите и шеќерот да почне да се топи.
После два часа ставете го тенџерето на тивок оган и на истатата температура додека да зоврие. Мешајте внимателно и поретко откако ќе зовријат, притоа отстранете ја пената од површината. Откако ќе зовријата капините им е доволно да вријат 10 минути или најмногу 15 минути за да капината остане цела и да не омекне премногу.
За да проверите дали е сварено слаткото со лажица одвојте во сад да излади малку, ако е премногу течно оставете го уште некоја минута да се вари. Покријте го тенџерето со крпа и оставете да се излади убаво неколку саати.
Спремете тегли кои треба да бидат стерилизирани.
Доволно е да ги измиете и ставите во рерна 20 минути на температура од 100 степени.
Откако слаткото целосно ќе олади наполнете ги теглите и чувајте на темно место без сончева светлина.
На здравје !
Доколку ви се допаѓа рецептот споделете и ликнете :)

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Гурабии со Бадем!
next
Крцкави Домашни Лебчиња!
previous
Гурабии со Бадем!
next
Крцкави Домашни Лебчиња!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here