Ingredients
-
1200 грама шеќерво зрно
-
1000 грама Дуња
-
100 грама Ореви
-
Слаткарче
-
Лимон
-
Directions
Слатко од рендана дуња со ореви по рецепт на мајка ми, со прекрасна светло-златна боја и цитрусен мирис на слаткарче.
Секогаш при подготовка на ова слатко на крајот во секоја тегла додавам по еден лист од здравата билка – слаткарче, или со латинско име пеларгониум одоратисимум. Оваа есенцијална билка и цвет има силен мирис и го зајакнува имунитетот кога ја вдишуваме.
Не е задолжително, но ако можете да најдете или ако ја имате билката дома, тоа ќе го комплетира вкусот на слаткото.
Доколку додадете и сецкани ореви на четвртинки, тоа дополнително ќе го збогати вкусот на слаткото и ќе имате златни резерви за претстојната зима.
На што да внимавате за да добиете убава златна боја и како успешно да го подготвите сирупот за да добиете убава густина на слаткото, следете ја подготовката и нема да погрешите.
Нијансата на бојата на слаткото зависи од дуњите, а за да имате посилен мирис ви препорачувам да ги користете оние дуњи со влакненца на површина, тие се подобри од мазните. Кога ги одбирате дуњите нека бидат здрави и без дамки. Бојата на слаткото може да варира од светло-златна боја до црвенкаста во зависност од дуњата. Ако полесно се ренда и не е многу тврда тогаш ќе добиете слатко со црвенкаста нијанса. Сите детали следете ги подолу, за да ги отворите состојките кликнете на плусот.
Steps
1
Done
10 минути
|
Подготовка на сирупотЗапочнете со подготовка на сирупот. |
2
Done
30 минути
|
Варење на слаткотоВо сирупот додадете ги ренданите дуњи и варете на тивок среден оган 30 минути. |