Ingredients
-
100 гр бозелливчиња
-
1 л вода
-
800 гр шеќер
Directions
Цветот од Бозел е еден од најмиризливите цветови кои може да се најдат и наберат во месец мај. Богати се со многу полен и се користат најчесто за правењ на сируп од бозел. Во изминатиот период од неколку години го користам за правење сладолед од бозел (рецептот може да го најдете на страната), како и за вкусно слатко со освежителна арома. Потребни состојки се 100 гр цвет од бозел, 1л вода и 800 гр шеќер. Се става водата и шеќерот на оган да зоврие за да се направи сируп. Откако ќе зоврие во нго се додава цветот од бозел, секој цвет да биде исчистен и одделен. Се вари 15 минути на среден ога и на крајот се додава сок од пола лимон. Се затвара во стерилни теглички, кои можете да ги подарите на ваши блиски. Слатко се навистина убава арома и вкус кое може да го користите и во десерти.