Directions
Слатко од цвет од Бозел во мали тегли може да биде убав подарок или вкусно слатко уживање додадено во сладолед, палачинки или многу други десерти.
Цветот најчесто се користи за сируп од бозел кој освен вкусен е и многу здрав освежителен напиток, но како слатко може да го зачувате подолг период и да го користите на повеќе начини.
Има посебен вкус и многу силна арома.
Од 12 цветови бозел може да добиете 450 грама слатко
Рецепт и Подготовка
12 цветови бозел
800 мл вода
500 грама шеќер
свеж сок од 1/2 лимон
кора од еден лимон
Започнете со подготовка на сирупот. Во тенџере ставете ја водата и шеќерот и ставете ги на оган да зоврие сирупот. Откако ќе се растопи шеќерот и ќе се избистри тргнете од оган и во него додадете ги цветовите бозел и рендана кора од еден лимон. Цветовите претходно исчистете ги и одделете ги на малите цветчиња, измијте ги темелно и оставете ги да се исцедат. Откако ќе ги додадете во сирупот измешајте и ставете на оган на умерена температура. Откако ќе зовријат додадете сок од пола лимон и оставете да вријат 20 до 30 минути.
Наполнете во мали стерилни теглички додека е топол сирупот, свретете ги теглите со капакот надолу додека да оладат.
Ова слатко е одлично да се додава и во сладолед од бозел кој може да го подготвите дома.
Рецептот за сладолед од бозел може да го најдете на линкот: