Ingredients
-
200мл Хопла
-
200мл Млеко 3,2
-
100мл Јогурт
-
125гр. Шеќер
-
4 Жолчки
-
3 лажици Сируп од бозел
Directions
Цветот од бозел е познат како еликсир за здравје и виталност. Има силен и убав мирис и многу придобивки за здравјето, бидејќи цветот е богат со полен. Особено помагаат на децата со грип и на луѓе кои имаат проблеми со белодробни заболувања.
Сладоледот од бозел е мојот омилен и најчесто го правам во пролет кога може да се наберат свежи цветови. Месец мај може да се наберат свежи, но и од нив да се приготви сируп, слатко, џем за да може да се користат во текот на целата година во многу десерти.
Има мазна и кремава структура, а вкусот на замрзнати ливчиња ги чувствувате во секој залак.. Верувам дека ако еднаш го пробате може да биде еден од вашите омилени сладоледи. Задоволство ми е да го споделам овој прекрасен рецепт со вас !
Steps
1
Done
|
Во жолчките се додава шеќерот и се мати со маталка да се изедначи смесата една минута. Хоплата и млекото се загреваат до зовривање, и се намалува огнот. Потоа во нив се додава 2 лажици од изматените жолчки со шеќер и се мати. Се додава остатокот од жолчки и постојано се мати една до две минути. Се трга од оган и се додава јогуртот и 3 лажици сируп од бозел. Се става во пластичен сад и се поросува со цвет од бозел и посипува со 2 лажици сируп од бозел. Замрзенете и уживајте во освежителниот мирис и прекрасен вкус ! |