0 0
Салата од ореви, урда и калинка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Салата од ореви, урда и калинка!

  • Medium

Directions

Share

Ако сакате да бидете уникатни со идеите во кујната и секогаш да изненедувате со креативност, тогаш оваа едноставна и брза салата може да ја претворите во вистинско изненадување за вашите гости и заедно да уживате.

За подготовка ви се доволни десет минути и може да ја чувате во фрижидер неколку денови завитткана во пластична фолија, а да ја сервирате по потреба.

Оваа салата е традиционална салата која мајка ми во нашиот дом многу често ја подготвува, јас само додадов малку креативност и ја сервирав на мој начин.

Може да обликувате и мали топки или една поголема, зависно од вашата креативност и идеја. Се што ви е потребно се неколку состојки и малку да истостирате ореви и сусам за дополнителен вкус.

Состојки

100 грама урда (или меко сирење, не многу солено)

250 грама крем сирење

80 грама ореви (сецкани)

3 лажици сусам

1-2 калинки за валкање и декорација

Во тава на среден оган додадете ги ситно сецканите ореви и сусамот и тостирајте ги неколку минути додека да добијат убава арома и да потемнат до убава златна боја. Потоа во сад измешајте ги со урдата и крем сирењето додека да добиете еднаква текстура.

Оставете ја вака петнаесетина минути да стои во фрижидер за да стегне и потоа обликувајте ја во топка со намрсени раце.

Извалкајте ја во зрна калинка и сервирајте ја.

Може подготвена да ја чувате во пластична фолија или подготвената смеса да ја чувате во фрижидер покриена и да ја сервирате по потреба. Може да стои неколку дена во фрижидер.

Имајте добар апетит!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Crispy pan fried Salmon with Italian Pasta De Negro!
next
Pomegranate Salad with walnuts and cottage cheese!
previous
Crispy pan fried Salmon with Italian Pasta De Negro!
next
Pomegranate Salad with walnuts and cottage cheese!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here