• Home
  • Торти
  • Ронлива Пита со Јаболки и Ореви! Брза и Лесна!
0 0
Ронлива Пита со Јаболки и Ореви! Брза и Лесна!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
280 грама сенаменско брашно
1 лажица Пециво
4 Јаболки ајдарет или по избор
50 грама Ореви сецкани
130 грама Путер
1 Јајца
180 грама шеќер кафеав
2 лажици Мед
половина лимон Сок од лимон
цимет
ванила екстракт
2 лажици нишесте за филот

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Ронлива Пита со Јаболки и Ореви! Брза и Лесна!

Миризлива и вкусна пита од јаболка

Брза и лесна подготовка

  • 45 минути
  • Serves 10
  • Easy

Ingredients

Directions

Share

 Пита од ронливо тесто кое се подготвува за 15 минути, едноставна, без миксер со фил од сецкани јаболка и ореви.

Ако сакате мирис на јаболка и цимет во вашиот дом, и топол и крцкав десерт кој се топи во вашата уста, ви препорачувам да ја пробате оваа вкусна пита.

За тестото ви е потребно едно јајце, путер, брашно и шеќер( кафеав или шеќер во зрно изборот е ваш).

За убава арома може да додадете ванила екстракт и цимет во филот.

Доколку сакате поздрава варијанта филот направете го со мед и кафеав шеќер, или само шеќер во зрно во иста количина.

Како модла за питата може да користите дијаметар од 24 цм или две помали, половина од тестото користете го како подлога, во средина додадете го филот и на површината убаво покријте со другата половина од тестото.

Сите детали следете ги подолу во подготовка.

Состојките отворете ги со кликање на плус каде пишува сосотојки.

Steps

1
Done
10 минути

Подготовка на филот

Измијте и исечете 4 јаболки на коцки. Кората на јаболката не ја лупете бидејќи таа ќе им даде дополнителен вкус и боја. За да не потемнат врз јаболката исцетете сок од свеж лимон, и додадете го циметот и сецканите ореви и оставете ги на страна.
Во тава на средна температура додадете 100 грама кафеав шеќер и две лажици мед и мешајте додека се растопат. По избор може да користите шеќер во зрно во иста количина како кафеавиот шеќер.
Кога ќе се растопи шеќерот во него додадете 30 грама путер, сок од половина лимон, ванила екстракт и две лажици нишесте. Мешајте кратко додека се изедначат состојките и во филот додадете ги сецканите јаболка со ореви. На средна температура со мешање оставете ги да омекнат јаболката и да се соединат вкусовите. Доволни се 5 минути за да добиете убав фил со убава арома.

2
Done
35 минути

Подготовка и печење на ронливо тесто

Во сад изматете едно јајце, 40 грама кафеав шеќер и 40 грама шеќер во зрно ( или само 80 грама шеќер во зрно). Со жица изматете ги јајцето и шеќерот и додадете 100 грама путер на собна температура. Внимавајте овде, и не користите растопен путер, туку малку омекнат на собна температура, измешајте го додека да добиете мали парченца од путер, да не се растопи целосно, и во тоа додадете 280 грама брашно и една лажица пециво. Со раце измешајте ги состојките без да притискате за да добиете песокливо и ронливо тесто кое ќе можете да го обликувате во тавата за печење.

3
Done
30 минути

Печење

Во тава со дијаматар од 24 цм обложете на дното хартија за печење.
Половина од тестото додадете го во тавата и убаво распоредете го по површината, може да користите чаша или само со притискање со раце бидејќи тестото има путер и лесно се обликува.
По краевите со прсти пристиснете го тестото да го изеначите и потоа додадете го филот. Распоредете ги еднакво јаболката и поросете го остатокот од тестото убаво да ги покриете јаболката.
Печете во загреана рерна на 180 степени 25 до 30 минути.
Додека е топла може да ја извадите питата од модлата и веднаш да ја сервирате.
На здравје нека вие !

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Quince Compote with Honey! One Year shelf life!
next
Crumble Apple Pie! Easy and Fast!
previous
Quince Compote with Honey! One Year shelf life!
next
Crumble Apple Pie! Easy and Fast!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here