0 0
Ролат со фил од Кајсии !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
5 Јајца
90 грама Брашно за колачи
120 грама шеќер во зрно
50 мл Растително масло сончогледово
2 грама Пециво
прстофат сол
2 лажици ванила екстракт
300 грама кајсии
2 лажици Мед
1 лажица нишесте
2 лажици вода

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Ролат со фил од Кајсии !

Вкусен и Мек Ролат

Ролат кој се топи во уста

  • 40 минути
  • Serves 16
  • Medium

Ingredients

Directions

Share

Овој ролат од кајсија e десерт со кисела нота совршен за летните денови. Мек и толку вкусен, едноставно се топи во устата.

Се што ви треба за филот се 300 грама свежи кајсии, 2 лажици мед за филот и пченкарен скроб за густина и поголема конзистентност.

Белките и жолчките треба да се изматат посебно со точна количина шеќер. На крајот се додава путереста смеса од растително масло.

Сите детали за овој прекрасен ролат се подолу.

Не можете да згрешите со овие состојки и чекори.

Steps

1
Done
40 минути

Подготовка

Започнете со подготовка на јајцата, посебно се матат жолчките, посебно белките.
Во сад додадете 5 жолчки и 50 грама шеќер во зрно. Матете со рачен миксер додека смесата да стане погуста и да се зголеми волуменот, матете околу 5 минути.
Потоа започнете со подготовка на белките во друг сад.
Изматете ги белките со миксер со додавање 70 грама шеќер во зрно постепено.
Најдобро е шеќерот да го додаете на три пати, на секои две минути по една третина за да добиете совршена меренге структура. По првото додавање матете со миксер две минути и повторете го со второ и трето додавање шеќер или 6 минути матење вкупно.
Потоа соединете ги двете текстури, со додавање на смесата од жолчките во смесата од белката. Со шпатула измешајте внимателно во кругови почнувајќи од рабовите навнатре, за да остане смесата воздушеста.
Потоа додадете 90 грама брашно за колачи, 2 грама прашок за пециво и прстофат сол. Соединете ги и измешајте ги овие суви состојки пред да ги додадете.
Внимателно и добро соединете го целото брашно со смесата со помош на шпатула.
На крајот додадете во мал сад 50 грама сончогледово масло и во него додадете 4 лажици од изматената смеса со брашно, мешајте додека да се изедначи маслото и оваа путереста смеса вратете ја во смеса за за торта.
Измешајте ги уште еднаш сите состојки и префрлете ја во правоаголна тава за печење покриена со хартија за печење. Протресете ги меурчињата со тресење на тавата и печете во загреана рерна на 170 степени 30 минути.
Додека колачот се пече, можете да го подготвите филот од кајсија.
Исчистете 300 грама свежи кајсии од коските, испасирајте ги со вилушка и додадете 2 лажици мед. Гответе кратко на тивок оган околу 3 минути, а потоа додадете 2 лажици вода, 2 лажици екстракт од ванила и 1 лажица пченкарен скроб (нишесте).
На крајот за помазна текстура изблендирајте со пасатор.
Кога ќе се испече колачот веднаш извадете ја хартијата за печење, без да чекате да се излади и премачкајте со филот. Веднаш завиткајте го во ролат.
Можете да користите хартија за печење за полесно виткање и обликување, само бидете нежни, бидејќи тестото е меко.
Чувајте го во фрижидер 1 час пред да го исечете.
Добар апетит!
Ако сакате, можете да го споделите овој рецепт со вашето семејство или пријатели.

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Swiss roll with Apricot filling!
next
Како да направите Џем од Кајсии со убава Златна боја!
previous
Swiss roll with Apricot filling!
next
Како да направите Џем од Кајсии со убава Златна боја!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here