Directions
Вкусен ролат со кршени бисквити од детството надополнет со неколку состојки со арома на рум кој е одличен со чоколада и какао.
Овој ролат истражувајќи видов дека многу често се подготвува и во други земји низ светот и е познат како “salami” заради формата која му се дава при обликување.
Ако сеуште не сте го пробале верувам дека ќе ви се допадне на вкус, а притоа ви е потребно само пет минути за подготовка.
Во фрижидер може да го чувате повеќе денови и да уживате во едноставниот и богат вкус во исто време.
Има многу начини на подготовка, но во мојот најчесто додавам мед како замена за шеќер до поздрава варијанта.
Состојки :
200 грама бисквити по избор
100 мл млеко
1оо грама путер (на собна температура)
50 грама црна чоколада
3 лажици како во прав
2 лажици мед
3 лажици темен рум (може и екстракт од рум)
цвекло во прав за поросување, (или какао во прав, или шеќер во прав)
Подготовка
Искршете ги бисквитите со раце на парчиња во еден сад, потоа во друг стаклен сад додадете го путерот, чоколадата, какаото во прав и млекото. Садот ставете го на тенџере со зовриена вода и мешајте додека се растопат сите состојки. Преку цедалка исцедете ги и додадете ги на бисквитите. Измешајте со лажица додека се соединат и префрлете ги на фолија. Издолжете ја смесата и покријте ја со фолија за да може да ја обликувате со раце и да и дадете форма на салама. краевите завиткајте ги за полесно обликување. Потоа ставете го ролатот во фрижидер најмалку еден час да се олади и стегне убаво.
Пред сервирање поросете со цвекло во прав, какао во прав или прав шеќер и убаво извалкајте го од сите страни. Може да го чувате во фолија во фрижидер повеќе денови.
На здравје со кафенце или како вкусна закуска во секое време!