Ingredients
-
70 грама Бадемово брашно
-
120 грама Powdered Sugar
-
50 грама шеќер во зрно
-
2 Белкисобна температура
-
100 грама бела чоколада
-
50 грама Хопласобна температура
-
50 грама Џем од малина
Directions
Деликатни сендвич колачи со јасен надворешен изглед и чувство на малина. Оваа слатка закуска базирана на меренге е направена од белки, шеќер во зрно, бадемово брашно и розева боја за храна.
Уште при првиот обид овој рецепт се покажа успешен, и секој нареден пат без грешка до сега. Филот е по мој вкус со хопла, бела чоколада и малини.
За овој десерт може да користите купечко бадемово брашно, или да сомелете цели бадеми. Јас најчетоо користам мелени бадеми. Измешајте 70 грама мелен бадем и 120 грама шеќер во прав. Изматете 2 белки на собна температура со 50 грама шеќер во зрно, матете точно 6 минути. Почнете со најмала брзина на миксерот и матете така 2 минути, постепено додавајте шеќер на неколку пати.Сменете ја брзината на средна јачина и матете уште две минути. Во последните две минути матете на најсилна брзина. Оваа постапка на матење е битна за да добиете мазна структура и да избегнете меурчиња. Потоа додадете ја бадемовата смеса во белките и мешајте со шпатула. Пред мешањето додадете ванила екстракт или боја по желба. Мешајте со шпатула во една насока и направете 36 кругови.
Додајте ја смесата во шприц и формирајте мали тркалезни форми во тавата. Пред печење оставете ги на собна температура да стојат десетина минути.
Печете во загреана рерна на 120 целзиусови 30 минути.
За филот стопете 100 грама бела чоколада, додадете 50мл хопла. Додаете 50 грама џем од малина и мешајте додека се згусне филот на тивок оган. Тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади пред да ги направите овие слатки колачи.