0 0
Слатко од рендана дуња со ореви !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

1000 грама Дуња рендан
1200 грама шеќер во зрно
100 грама Ореви
1 Лимон сок од еден лимон
листови Слаткарче

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Слатко од рендана дуња со ореви !

Традиционален рецепт од мојата мајка !

Features:

    Традиционален рецепт од мојата мајка

    • 40 минути
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

    Слатко од рендана дуња со ореви рецепт од мајка ми со неверојатен мирис, е уникатен поради здравата билка слаткарче со латинско име пеларгониум одоратисимум.

    Оваа специјална есенцијална билка и цвет има силен мирис и го зајакнува имунитетот кога ја вдишуваме.

    Не е задолжително, но ако можете да најдете или ако ја имате оваа билка дома, тоа ќе го комплетира вкусот на слаткото.

    Оревите убаво ќе се вклопат со вкусот на дуња и ќе имате златни резерви за претстојната зима.

                                                                                                                                       

     

    Herb Pelargonium Odoratissimum

                             

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Steps

    1
    Done
    10 минути

    Рендана Дуња

    Внимателно излупете и исчистете ги дуњите.
    Откако ќе ги изрендате додавајте им сок од лимон за да спречите дуњата да потемни.
    Бидејки многу брзо ја менуваат нивната боја најдобро е ако подготвите свеж сок од лимон претходно.
    Откако ке ги изрендате префрлете ги во голема тенџере во зависност од тоа колку сакате да направите.

    2
    Done
    30 минути

    Готвење

    Подгответе сируп од 1200 грама шеќер и 2 чаши ладна вода.
    Оставете да зоврие и варете 8 минути на тивок среден оган.
    Проверете го вашиот сируп дали е подготвен со лажицата. Еве еден совет.
    Кога капките од сируп побавно ќе паѓаат од лажицата, тоа значи дека сирупот е подготвен.
    Во сирупот додадете ги ренданите дуњи и варете на тивок среден оган 30 минути.
    Постојано мешајте. Извадете ја пената од површината додека се готви слаткото.
    Кога ќе се згусне и добие убава боја додадете ореви, измешајте и тргнете од оган.
    Внимавајте да не го преварите џемот.
    Оставете да се излади целосно и префрлете го во чисти тегли.
    Пред да затворите, додадете две ливчиња слаткарче во секоја тегла.
    Уживајте во ова вкусно слатко во зима!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Grated Quince Jam with Walnuts!
    next
    Homemade Bitter Lemon Schweppess !
    previous
    Grated Quince Jam with Walnuts!
    next
    Homemade Bitter Lemon Schweppess !

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here