• Home
  • Ручек
  • Пржена Туршија со суви пиперки! Посен,Традиционален Рецепт!
0 0
Пржена Туршија со суви пиперки! Посен,Традиционален Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Пржена Туршија со суви пиперки! Посен,Традиционален Рецепт!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Ако сте во потрага по едноставен и традиционален рецепт, а во исто време и да ја искористите преостанатата туршија на крајот на сезоната, тогаш овој старински македонски рецепт може да ве изненади со својот вкус.

    Верувам дека произлегол од практичноста на нашите баби за да се искористи храната, и за прв пат го пробав припремен од татко ми кој го подготвуваше на исти начин како неговата мајка.

    Киселкастиот вкус надополнот со неколку едноставни зачини го прават ова јадење многу вкусно, ве разјадува и заситува во исто време, и е многу хранливо од разноликоста на зеленчукот.

    Со ова јадење ви препорачувам да подготвите и пита лебче.

    Рецептот за воздушните пита лебчиња со јогурт може да ги најдете на страната.

    За подготовка на ова јадење ви е потребно

    1 тегла туршија

    3 до 4 суви пиперки (може и лути по вкус)

    1 л. трапезна сол (шарена сол)

    2 л. маслиново масло

    Од туршија може да користите разновидна, зелен домат, динчиња, везени пиперки, корнишони или слично. Ситно исецкајте го зеленчукот од туршија на мали парчиња и додадете го во тава со маслиново масло. Може да користите и свинска маст по избор.

    Пржете ја туршијата на умерен оган со повремено мешање додека да омекне убаво, околу дваесетина минути. На крајот искршете суви пиперки и додадете од шарената сол и пржете уште неколку минути.

    Сервирајте со пита лепчиња кои може да ги наполните со подготвената туршија, или доволно е да макнете од тавата. Рецептот за овие пита лепчиња може да го следите подолу.

    По избор ова јадење може да го подготвите со јајца или месо, или овој рецепт да ви се најде за време на пости.

    Имајте добар апетит!

    Пита Лепчиња со Џебови! Воздушести со тајна состојка!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Poppy Milk! Powerful Old Remedy! Gluten Free, Vegan, Homemade Recipe!
    next
    Fried Pickles! Macedonian traditional Dish!
    previous
    Poppy Milk! Powerful Old Remedy! Gluten Free, Vegan, Homemade Recipe!
    next
    Fried Pickles! Macedonian traditional Dish!

    Add Your Comment