• Home
  • Појадок
  • Појадок од Спанаќ! Солени Палачинки – Лесна подготовка!
0 0
Појадок од Спанаќ! Солени Палачинки – Лесна подготовка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Појадок од Спанаќ! Солени Палачинки – Лесна подготовка!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Вкусни палачинки за појадок, богати со хлорофил заради свежиот спанаќ, одлични на здрав начин да го започнете денот и да го збогатите организмот со кислород и убава енергија од утрото.

    Потребни се само четири состојки од кои свеж спанаќ, може да ги подготвите и завиткате во фолија и да ви бидат појадок на работа, или уште поубаво ако ги имате време да уживате додека се топли.

    За да бидат меки ви препорачувам да го измелете овезот во блендер или мелница како брашно и потоа да го додаете со преостанатите состојки.

    Потребни состојки за еден оброк

    1/3 шоља овес (мелен)

    1 јајце

    3 лажици павлака или крем сирење

    50 грама свеж спанаќ (една полна рака)

    Сите состојки додаете ги во блендер и блендирајте додека добиете убава и мазна смеса.

    Премачкајте ја тавата со малку маслиново масло и печете ги на умерена температура. Внимавајте да не биде силен оган за да не ви изгорат. Кога се печат на средна температура ја задржуваат убава зелената бојата. Кога ке заруменат од едната страна свртете ги од другата страна и печете ги пократко.

    Лесно се обликуваат при печење бидејки павлаката или крем сирењето ја прават смесата постабилна и погуста смесат, може да ги обликувате со лажица во форма на кругови.

    На секоја мини палачинка премачкајте павлака или крем сирење по избор, или може да декорирате со една топка крем сирење и свеж лист од спанаќ.

    Почнете го утрото на здрав начин.

    Имајте добар апетит!

     

     

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Quinoa Salad ! Healthy, Low calorie!
    next
    Savory Spinach Pancakes! Easy and Delicious!
    previous
    Quinoa Salad ! Healthy, Low calorie!
    next
    Savory Spinach Pancakes! Easy and Delicious!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here