• Home
  • Без глутен
  • Посни Сарми од Лозов Лист ! Како да ги подготвите Вкусни!
0 0
Посни Сарми од Лозов Лист ! Како да ги подготвите Вкусни!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
40 Лозови Листови
400 грама ориз
1 домат средна големина
1 Кромид главица
4 лажици доматна паста
2 лажици Мед
Магдонос
маслиново масло
1 коцка за супа кокошкина или микс од зачини
сол и пипер зачини по избор
кисело млеко 500 грама
Лимон за сервирање
калинка за сервирање

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Посни Сарми од Лозов Лист ! Како да ги подготвите Вкусни!

ХРАНЛИВА И ВКУСНА ЗАКУСКА ИЛИ ПОЈАДОК

Features:

    Здрав нискокалоричен оброк

    • 2-15 минути
    • Serves 40
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

     Лозовиот лист изобилува со растителни влакна, од минерали најмногу содржи железо, богат е со витамини, рибофлавин и фолна киселина. Има многу малку калории или некаде 15 калории на 5 листови, не содржи масти и холестерол, има малку шеќери, и е познат чувар на срцето.

    Лозовиот лист има антивоспалително дејство и е особено погоден за дијабетичари, ја подобрува циркулацијата на крвта и помага при гастроинтестинални заболувања.

    Најдобро е да ги соберете лозовите листови свежи, непрскани во текот на летото, и може да ги замрзнете, или да направите саламура и да ги чувате во текот на годината кога не се достапни.

    Јадењата во лозов лист имаат цитусен вкус и мирис, кој може да го збогатите уште повеќе ако додадете свеж лимон и зрна калинка.

    Сите детали како и начинот на подготовка до вкусни посни сарми може да го следите подолу.

    Состојките потребни за подготовка отворете ги со кликање на плусот каде пишува Состојки.

     

    Steps

    1
    Done
    15 минути

    Подготовка

    Започнете со подготовка на листовите од винова лоза, за оваа подготовка користев свежи и непрскани листови од дива лоза кои се повеќе свиленкасти од обичниот лист. За да ги свиткате и сварите полесно најдобро е да ги потопите во врела вода за да омекнат.
    Во тенџере со врела вода секој лист оставете го да проврие 20тина секунди и извадете го на хартија да се исцеди убаво. Додека листовите се цедат, подгответе го филот од ориз.
    Ситно исецкајте ја главицата кромид и пржете на средна температура додека парченцата станат проѕирни. Потоа додадете го оризот. Најдобро е оризот да го миете во три ладни води за да го исчистите од токсини при прскање. Заедно со кромидот пржете го оризот околу две минути и додадете го сецканиот домат на ситни парченца, магдоносот, сол по вкус, бибер и останати зачини по избор. На крајот додадете доматно пире (паста) или може да додадете и кечап три лажици. Измешајте добро и тргнете малку да олади.
    За секое полнење е доволна една лажица за една сарма.
    На секој лист на средина ставете од филот и превиткајте ги краевите навнатре за полесно да обликувате сарма.
    Во поголемо тенџере, премачкано со масло, на дното ставете неколку лозови листови или оние кои не се цели, и започнете со редење на сармите. Редете ги една до друга залепени за да не ви се растурат при варење и да ја задржат својата форма.

    2
    Done
    2 часа

    Варење на сармите

    Подгответе еден литар течност со која ќе ги прелиете сармите.
    Во врела вода додадете коцка кокошкина супа (доколку сакате да останат посни користете микс од зачини), додадете две лажици мед, 2 лажици сол, 2 лажици доматно пире, бибер и останати зачини по избор. На крајот додадете сок од еден свежо цеден лимон.
    Сармите на почеток ставете ги на посилен оган и кога ќе почнат да крчкаат и да пуштаат сокови тогаш прелијте ги со поготвената течност за да ги прелие. Доколку ви е потребна повеќе течност од подготвената за целосно да ги прелие додадете вода на крајот.
    При варењето им е потребна тежина затоа најдобро е да ги покриете со чинија и врз неа да поставите уште една со вода за полесно и рамномерно варење на сармите.
    Откако ќе зовријат, покријте ги со капак и намалете го оганот на средна температура, така варете ги два часа. После еден час може да ги проверите доколку течноста е испарена многу може да додадете малку вода за повторно да ги прелие сармите.
    Варењето од два часа е доволно за да омекнат целосно лозовите листови, само бидете внимателни ако пред крајот е испарена целосно течноста со која се прелиени да не ви загорат.
    Сервирајте ги со кисело млеко со зрна калинка и врз секое сармиче исцедете лимон за освежителен вкус.
    На здравје !

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    No Bake, Rich CHOCOLATE CAKE!
    next
    Stuffed Grape Leaves with Rice! Healthy dish!
    previous
    No Bake, Rich CHOCOLATE CAKE!
    next
    Stuffed Grape Leaves with Rice! Healthy dish!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here