0 0
Подготовка на Глицерински Сапун!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Подготовка на Глицерински Сапун!

Домашни сапуни со глицерин!

Лаванда, Камилица, Невен!

  • Medium

Directions

Share

Постапката за подготовка на сапун може да биде потешка кога ќе го правите за прв пат, но откако ќе го направите и користите еднаш овој производ, нема да купувате повеќе од продавница. Може да се користите разни растителни масла или путери. Важно е да се биде претпазлив за време на постапката, бидејќи се користи натриум хидроксид, кој испарува со зреењето на сапунот од 30 до 40 дена. Бидете внимателни и користите ракавици и маска за време на постапката. Користете метален сад кој ќе го користите само за таа намена и метална лажица што не треба да се користи за јадење. Маслата може да се комбинираат од маслиново, кокосово, шеа путер , путер од какао, путер од кокос, масло од невен, лаванда, масло од камилица или она што ви се допаѓа. За овој сооднос на база е потребно да користите 400 грама масла и путери по избор.

Во зависност од потребите, желбата и мирисот што го сакате, се додаваат такви масла и путери. Започнете со топење на сите путери и масла над парна бања, додека да се стопат целосно. Подгответе ја базата за сапунот. За 50 грама натриум хидроксид потребни се 150 грама вода. Прво ставете ја водата во метален сад и додадете 50 грама натриум хидроксид. Мора да бидете претпазливи во овој момент со додавање на натриум хидроксид во водата, не го додавајте одеднаш, туку започнете со едно парче и додавајте со лажица неколку пати. Кога ќе ги измешате течноста ќе достигне висока температура, и постојано мора да мешате додека смесата не стане прозирна и да се избистри.  Потоа додадете ја базата во течните масла и путери, и мешајте со миксер околу 10 минути додека смесата да добие густина на пудинг.

На крај додадете масла од лаванда, невен или есенцијално масло од камилица. Измешајте и ставете го во калап. Оставете да стои на собна температура неколку дена и не допирајте со голи раце. По четвртиот ден, исечете го сапунот на парчиња и оставете го целосно да се исуши 4-6 недели. Превртувајте секоја недела. Можете да користите силиконски калапи за торти за различни форми. Сапуните ја хидрираат кожата и се добри за миење на лице, тело и коса. Маслиновото масло е богато со витамин Е и сè друго што ќе додадете само може да и користи на кожата.

 

 

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Ладен Крем со багремови ливчиња !
next
Homemade Soap from Essential Oils !
previous
Ладен Крем со багремови ливчиња !
next
Homemade Soap from Essential Oils !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here