0 0
Пита Лепчиња со Џебови! Воздушести со тајна состојка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Пита Лепчиња со Џебови! Воздушести со тајна состојка!

  • Medium

Directions

Share

Пита лепчиња со киселкаст вкус кој потсетува на кисело тесто, се одлична варијанта за да ги наполните со фил по избор или со нив да макате.

Се печат во рерна, при што отвараат џебови одванатре, воздушести се и меки во исто време.

Може да ги подготвите и користите во комбинација со  различни рецепти, може да ги чувате во фрижидер или да ги замрзнете. Многу повкусни се од купечките, не содржат конзерванси и други додатоци.

Може да го подготвите тестото со миксер или да го замесите на рака, и со едно стасување да ги обликувате пред да ги расукате во мали пити.

Состојки потребни за подготовка

470 грама брашно

270 мл млака вода

240 мл јогурт

3 л масло

1 кесицка сув квасец

1 1/2 л сол

1 л шеќер

Подготовка и стасување на тестото

Во млаката вода додадете една лажичка шеќер и додадете го сувиот квасец. Откако ќе нарасне квасецот после 5 минути, додадете го јогуртот и маслиновото масло.

Во брашното додадете една лажичка сол, измешајте и додадете ги сувите состојки во течните. Брашното додавајте го постепено. Месете со миксер околу 10 минути или на рака, додека тестото омекне. Потоа во сад премачкан со масло префрлете го тестото, покријте со пластична фолија и оставете убаво да нарасне двојно или повеќе на собна температура. Потребно време во зависност од просторијата е околу 45 минути до еден час.

Подготовка на пита лепчињата

Тестото префрлете го на набрашнета површина, треба да биде меко, додколку е лепливо додадете брашно по потреба и поделете го на 12 еднакви парчиња.

Секое тесто обликувајте го во топка со повлекување на краевите навнатре, и откако ќе ги обликувате сите покријте ги со фолија. Оставете ги да нараснат и омекнат уште 20 минути. Потоа на набрашнета површина со сукало развлечете ги во пита лепчиња со дебелина од околу 3 милиметри.

Набрашнете ја тавата за печење и печете по неколку пита лепчиња.

Печење на питите

Вклучете ја рерната на 200 степени и оставете ги да се печат лепчињата од 5 минути до 8 минути. При печење ќе се формираат џебови и ќе станат воздушести. Печете ги додека малку да заруменат и потемнат. Зависно од рерната во која ги печете ако е потребно вртете ја тавата и после неколку минути свретете ги лепчињата од другата страна и за кратко извадете ги. Покријте ги со пластична фолија за да останат меки. Може да ги полните со различни меса, салати, јајца и слично, одлични се за макање хумус.

Имајте добар апетит !

Ви препорачувам хумус за макање со овие пита лепчиња за појадок!

ХУМУС на 3(три) начини! Пикант, Цвекло, Стандард!

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Fried Pickles! Macedonian traditional Dish!
next
Pita Breads with pockets! Fluffy with a secret ingredient!
previous
Fried Pickles! Macedonian traditional Dish!
next
Pita Breads with pockets! Fluffy with a secret ingredient!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here