Directions
Печен Лосос во рерна со пире од сладок компир може да биде брзо подготвен ручек за десетина минути.
За да имате добар резултат при подготовна на лосос најдобро е да одберете рамномерна филета, со иста дебелина за да биде еднакво испечен, со сочна внатрешност која ќе ја задржи убавата боја и одвнатре. Како убаво надополнување на вкусот на лососот може претходно да подготвите пире од сладок компир, кое ќе го испасирате со вилушка и ќе го сервирате на чинија како подлога.
За две порции ви се потребни две парчиња лосос и две парчиња средна големина сладок комир.
Подготовка на пире од слаадок компир
Започнете со подготовка на пирето бидејќи ќе ви биде потребно дваесетина минути, а додека се печат компирите ќе можете да ги подготвите филетите. Излупете и исечкајте ги на мали коцки и ставете ги тава за печење. Додадете маслиново масло и зачини по вкус ( бибер, лук во прав, ким, сол). Измешајте ги убаво за да ги впијат зачините и ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Еднаш промешајте ги во текот на печењето за да се карамелизираат поубаво. Потребно време за печење е дваесетина минути, додека убаво да омекнат. Оставете ги настрана додека го подготвите лососот, Пред сервирање испасирајте ги со вилушка и сервирајте ги на чинија како подлога од топло пире.
Лососот пред печење премачкајте го со микс од маслиново масло, сок од лимон, бибер, сецкано лукче, копар и морска сол. Оставете го да ги впие вкусовите додека се печат компирите и печете го 10 до 12 минути.
Сервирајте го врз пирето, со парче лимон, а како прилог може да додадете и аспарагус.
Имајте добар апетит.