Directions
Крцкава кора и кремава средина, со освежителен вкус на лимон во секој залак. Уникатни печени компири со прав од лимон е здрав оброк богат со витамин Ц. Правот од лимон за јадење може да приготвите дома од свежи лимони и да го чувате во тегла како и другите зачини. Откако ќе го вкусите еднаш, тој ќе стане вашиот омилен зачин во кујната кој ќе го користите во многу оброци и рецепти. Во следните објави ќе ги споделам сите детали за подготовката.
Следете го видеото подолу, а во описот на овој пост може да ги најдете сите детали за овој вкусно подготвен компир..
Steps
1
Done
1 час
|
Готвење и печењеИзлупете и добро измијте ги компирите, потоа прелијте ги со вода, додадете мајчина душица, прстофат сол и една лажица лимон во прав и кора од лимон. Гответе 15 минути откако ќе зовријат. Потоа префрлете го во тава на хартија за печење и исечете го секој компир на половина. |