• Home
  • Торти
  • Песоклива Торта со Мед! Медовик!
0 0
Песоклива Торта со Мед! Медовик!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Песоклива Торта со Мед! Медовик!

  • Medium

Directions

Share

Медова торта која воодушевува со својот изглед од петнаесет слоеви на тесто и има вистински богат вкус надополнета со фил од путер и кондензирано млеко.

Едноставни состојки за брза подготовка на пенливото волуменозно тестото кое дава уникатен вкус со печење. Секое парче прелиено со малку мед на крајот и ореви за декорација ја прават оваа торта совршена.

Како голем обожавател на мед оваа торта за мене е врв од богати вкусови кои најмногу ми одговараат.

Овој прекрасен рецепт и начин на подготовка го споделувам со задоволство.

 

Потребни состојки за тесто

2 јајца

470 грама брашно

150 грама мед

80 грама путер

80 грама шеќер

1 супена лажичка сода бикарбона

прстофат сол

Во тенџере се додаваат шеќерот и јајцата и со маталка се мешаат да се изедначат. Потоа се додава путерот и се става на оган на тивок оган. Се меша кратко додека се растопи путерот и шеќерот. Потоа се додава медот и прстофат сол и со дрвена лажица се меша кратко за да се спојат состојките. На крајот се додава лажиче сода бикарбона.

Медот создава реакција со содата и смесата ќе се запени и зголеми на волумен, притоа ќе ја смени бојата во посветла. Мешајте кратко околу една минута и тргнете од оган. Во смесата додајте една лажица брашно и се мешајте. На секое додавање по една лажица брашно мешајте ја смесата додека се згусне и додека да го потрошите целото брашно. Тестото е доста меко и лепливо. На крајот префрлете го тестото на убаво набрашнета површина и поросете го тестото со брашно. Брашното се впива многу брзо, но внимавајте да не додавате многу брашно за да остане тестото меко при печење. Месете го тестото две минути, формирајте топка и во набрашнет сад оставете го да одмори триесет минути до еден час покриено со фолија и на топло. Додека стои тестото подгответе го филот.

Фил за тортата

400 грама путер

250 мл кондензирано млеко

Путерот е потребно да биде на собна температура, се мати со миксер убаво и во него се додава кондензираното млеко. Филот се мати неколку минути додека се добие убав волумен. По желба може да додадете ванила екстракт во филот, но јас преферирам оригинален вкус и не додавам. Изборот е ваш. Вака подготвениот фил ставете го во фрижидер  додека ги подготвите тестата.

 

Печење на тесто

Откако ќе одмори тестото се дели на 15 парчиња еднаква големина, или околу 70 грама секое парче. Се обликува во топка и се расукува тенко со сукало на набрашнета површина во дебелина од 1 мм. Парчињата кои не се подготвени покријте ги со фолија да останат меки додека ги подготвувате останатите. При сукање додавајте брашно од двете страни за да не ви се лепи на работната маса, а тестото сукајте го во дијаметар на 22 цм. Може да користите округол прстен и пред печење да ја проверите големината, дали ќе го опфати тестото. На крајот со вилушка избоцкајте го тестото по целата површина.

Секое парче се пече на 190 степени 3 до 4 минути поединечно, или во поголема тава може да додавате по две теста за да скратите во време. Печењето на сите теста нема да ви одземе повеќе од 30 минути. Тестата печете ги на хартија за печење. После вадење на секое тесто нанесете прстен или некој калап со кој ќе извадите округла форма и иста големина за секое тесто поединечно. Тестата многу брзо се стврдуваат и стануваат кршливи веднаш штом ќе ги извадите од рерна, затоа после вадење од рерна ви препорачувам веднаш да ги обликувате. Краевите од секое тесто ставајте ги во сад и изблендирајте ги на крајот во блендер, ситно за декорација. Подготвените теста покријте ги со крпа да останат топли и меки.

Декорација и филување

Секое тесто премачкувајте го со млеко па врз него додадете тенок слој од филот. Редете ги убаво за правилна форма на тортата и на крај премачкајте го последното тесто со фил, како и странично. Нанесете слој од изблендираните краеви врз површината на целата торта и оставете ја покриена во фрижидер преку ноќ.

Украсете со ореви и сервирајте со лажичка мед!

Имајте добар апетит!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Condensed Milk ! 2 Ingredients! Homemade!
next
Sandy Honey Cake ! Medovik Recipe!
previous
Condensed Milk ! 2 Ingredients! Homemade!
next
Sandy Honey Cake ! Medovik Recipe!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here