Ingredients
-
600 грама пастрмка2 риби
-
600 грма компирпечен
-
5 парчиња кајсиина половинки
-
маслиново масло
-
сол и пипер
-
1 лажичка Мед
-
-
Directions
Кога купувате свежа риба, треба да обрнете внимание на неколку работи како пријатен мирис, цврсто месо и бистри очи на рибата. На овој начин ќе бидете сигурни дека го правите најдобриот избор. Правењето риба на скара, на електрична скара или отворена скара, ќе даде дополнителна крцкавост на кожата. Ако претходно не сте припремале, обрнете внимание на отстранување на вишокот вода за најдобар резултат. Водата природно содржана во рибата треба да се намали за да има повеќе крцкава кожа. Солта е многу важна бидејќи помага при отстранување на водата од ткивата, за тоа ќе помогнат апсорбирачки крпи или кујнска хартија. Впијте ја водата со хартија и однадвор и одвнатре. Потоа додадете сол на кожата од двете страни и оставете ја рибата на собна температура 15 минути. По ова време, повторете го процесот со впивање повторно однадвор и внатре. Додадете сол, црн пипер и масло, и измасирајте ја рибата убаво одвнатре и однадвор. Потоа наполнете го стомакот со свежи парчиња лимон за убава текстура на месото и свежи билки од рузмарин и нане. Потребно е скарата да биде средна температура и најдобро време за печење е од 6 до 10 минути од секоја страна со само едно вртење. Кога кожата е крцкава, а месото одвнатре е готово, тогаш е најдобро време да се преврти рибата. Обично опашката и перките загоруваат и тоа е нормално кога ја печете на скара.
Сечењето риба и правењето засеци пред печење на скара не е потребно затоа што пастрмката едвај надминува 2 см во најгустиот дел.
Steps
1
Done
|
ПодготовкаЗапочнете со компирите затоа што им треба повеќе време за подготовка. Варете ги 15 минути и ставете ги во рерна на печење затоа што им требаат 45 минути, во меѓувреме рибата ќе ја завршите и сите работи во исто време. Рецептот за крцкави компири е веќе објавен и можете да проверите на страната. |
2
Done
15 минути
|
Печење риба и кајсииНајдобро време за печење на скара е од 6 до 10 минути од секоја страна со само едно вртење. |