• Home
  • Без глутен
  • Ориз на Арапски начин! Уникатен Сириски рецепт, Брза Подготовка!
0 0
Ориз на Арапски начин! Уникатен Сириски рецепт, Брза Подготовка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Ориз на Арапски начин! Уникатен Сириски рецепт, Брза Подготовка!

  • Medium

Directions

Share

Ориз на Сириски начин е уникатна арапска порција ориз која лесно и брзо се подготвува. Воздушест со цело зрно, без да се лепи кој се подготвува со кратко пропржување и се покрива додека да се впие убаво водата, пред сервирање се растресува и се сервира со сос по желба.

Најчесто оваа порција се подготвува во комбинација со бамја која се наоѓа само краток период на пазарот,па затоа во замена може да ја подготвите со боранија, жолта или зелена по избор. Подготовката на рецептот за вкусен сос со јунешко и боранија е веќе споделен на страната како претходен рецепт.

За подготовка на оризот на Сириски начин се потребни само две состојки, ориз и фиде. Најдобро е да користите басмати ориз, и тоа во сооднос еден спрема четири со фиде.

Состојки

1 шоља ориз

1/4 шоља фиде

2 шољи вода

2-3 лажици масло

сол по вкус

Начин на подготовка

Во тава додадете го маслото и додадете го искршеното фиде. Пржете на умерена температура додека да потемни фидето, мешајте постојано за еднакво да се испржи. Потоа во фидето додадете го претходно измиениот ориз и пржете кратко, најмногу до една минута.

На крајот додадете ја водата, измешајте и оставете да врие на среден оган. Мешајте повремено, и кога скоро ќе се впие водата тргнете од оган, покријте со капак и оставете го неколку минути пред да го сервирате.

Начинот на подготовка на овој ориз е уникатен, многу вкусен, со цело зрно кое не се лепи, и може да се сервира во голема порција на средина со подготвениот сос од боранија по краевите.

Имајте добар апетит !

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Beef with basmati rice & green beans! Whole Nutritious dish!
next
Arabian Rice Dish! Syrian way, Easy and Unique!
previous
Beef with basmati rice & green beans! Whole Nutritious dish!
next
Arabian Rice Dish! Syrian way, Easy and Unique!

Add Your Comment