Directions
Вкусен и Здрав Намаз од црни маслинки одличен со потпечени брускети, како појадок или закуска во секое време. Се подготвува за две минути со блендирање на сите состојки, а затворен во фрижидер може да го чувате повеќе денови.
Овој Француски намаз познат како – Тапенаде Намаз, се подготвува од мали црни маслинки. Кога одбирате маслинки најдобро е да купите несолени црни маслинки за да имате поголема контрола врз соленоста и вкуот кој ќе го добиете на крајот. Освен намаз од црни маслинки може да најдете и намаз од зелени маслинки.
Во продолжение го споделувам намазот од неколку состојки кои јас најчесто ги додавам за да биде по мој вкус.
Состојки
150 грама црни несолени маслинки (пола шоља)
1 чешне лук
1/2 лимонов сок
кора од пола лимон
1 лажица маслиново масло
2 лажици сушени домати од масло (сецкани)
1 лажица сецкан магдонос
1/2 сецкана црвена пиперка или чили по избор
оригано и сол по вкус
Исчистете ги маслинките од коска и сите состојки исецкајте ги ситно. Потоа ставете ги во блендер и на неколку наврати со пулсирање блендирајте ги додека добиете убава смеса. Може да користите и пасатор. Доколку сакате цели парченца и порустикален изглед можете да не го пасирате намазот, туку ситно да го исецкате на многу ситни парчиња. Во намазот можете да додадете и две лажици каперси по избор за автентичен вкус и соленост.
Послужете ги со потпечени брускети со маслиново масло и завршете со сушени домати или свежо сецкани домати со магдонос и поросете со оригано.
Имајте добар апетит!
На здравје !