Directions
Овој рецепт за Морков Торта е еден од моите омилени со фил од крем сирење без шеќер и рендани моркови кои и даваат убава текстура, а тестото е меко и лесно по вкус.
Брза подготовка со сецкани ореви и суво грозје кое убаво ќе омекне ако претходно го потопите во вода.
Од една доза може да подготвите торта од четири слоеви или да ја поделите за да имате две помали торти во два слоеви.
Идеална е за подготовка за Велигден или некоја друга пригода, бидејќи е навистина вкусна и сочна.
Потребни состојки и подготовка
3 големи јајца (собна температура)
1 чаша шеќер во зрно или (1/2 чаша кокосов шеќер со 1/2 чаша шеќер во зрно)
3/4 чаша сончогледово масло
3/4 чаша јогурт
2 лажици ванила екстракт
2 чаши брашно (сенаменско)
1 л. Пециво
2 л. Цимет
1 л. сода бикарбона
100 грама сецкани орехи
100 грама суво златно грозје
3 шољи рендани моркови
За филот
450 мл крем сирење
500 мл хопла
3 лажици мед (или агаве сируп/ јаворов сируп)
Подготовка
Јајцата изматете ги со миксер додека добиете убав волумен и се растопи шеќерот. Може да користите шеќер во зрно или едната половина да ја замените со кафеав шеќер или кокосов шеќер по избор.
Откако ќе ги изматите јајцата во нив додадете го маслото, јогуртот и ванила екстрактот. Изматете кратко да ги изедначите состојките.
Во посебен сад просејте го брашното и додадете цимет, пециво, сода бикарбона и додадете ги во течните состојки. Изматете со миксер и на крајот додадете ги сецканите ореви, сувото грозје и ренданите моркови. Со шпатула изматете за да ја изедначите смесата.
Печете во правоаголна тава во потенок слој со хартија за печење на дното.
Печете во загреана рерна на 180 степени 30 минути. Проверете го тестото со чепкалка и од него поделете четири делови, округла форма. Може да користите прстен без дно за да извадите четири слоеви или дно од овален сад.
За филот течната хопла додадете ја во крем сирењето и со миксер убаво изматете кратко. Додадете три лажици мед и изматете. Врз секој слој пандишпан додадете од филот и декорирајте по избор со сецкани ореви.
Имајте добар апетит! На здравје нека вие е !