Directions
Оваа вкусна млечна торта со арома и вкус на шафран е уникатна варијанта на трилече од Блискиот Исток. Мека структура на тесто кое го впива млечниот прелив од шафран, покриена со хопла и прелиена со свилен жолт сируп со единствен вкус и мирис. За прв пат оваа торта ја пробав во еден ресторан во Емиратите и морам да признаам дека не е само вкусен десерт, туку бурната арома и вкусот на шафран ја прават посебна, дури и поубава од трилечето.
Главна состојка во оваа торта е шафранот и најдобро е да користите добар квалитет на шафран. За овој рецепт се одлучив откако на подарок добив неколку грама шафран од crocus sativus saffron кој даде прекрасен краен резултат и освен арома и вкус, како финален допир врз сирупот убаво се вклопи и како декорација.
Супер лесна торта за подготовка во три постапки, брза подготовка на пандишпанот, кратка подготовка на сирупот од шафран кој има свиленкаста жолта боја и на крајот украсување со слој од матена хопла.
Состојки за пандишпанот
5 јајца
150 гр брашно
150 гр шеќер
1/2 пециво
1гр шафран
2 л вода
Белките се матат посебно со постепено додавање на шеќерот, во три пати и се матат околу 6 минути додека се добијат убави врвови и целосно се растопи шеќерот. Потоа се додаваат жолчките една по една и се мати да се изедначи смесата.
1 грам шафран се додава во 2 лажици топла вода и се остава неколку минути да се растопи и да добие убава жолта боја.
Во брашното се додава пецивото, се мешаат и се додаваат во подготвените јајца. Се меша со шпатула да се изедначи смесата целосно и се додава расопениот шафран на крајот.
Вака подготвената смеса се префрла во претходно премачкана тава со масло и набрашнета и се пече на 180 степени од 30 до 35 минути.
Откако ке се испече тестото се остава покриено со крпа, да олади неколку минути (треба да биде млако). Потоа тестото се превртува, долниот дел да биде горен и со вилушка се дупчи за да може полесно да се впие сирупот. На млака торта се додава ладен сируп.
Подготовка на Сируп од Шафран
600 мл хопла
200 мл кондензирано млеко
300 мл млеко
1 грам шафран
Млекото се става во сад на оган да зоврие и во него се додава шафранот. Откако ќе зоврие се намалува температурата на средно умерена да не претекува, и така се вари околу 5 до 7 минути со постојано мешање, да не ви загори. Со вриењето испарува дел од водата и се добива прекрасна жолта боја и арома. Се остава да излади целосно. Еден типс за побрзо ладење – можете да го ставите млекото врз чинија со мраз и побрзо да го оладите.
Кога ќе излади целосно жолтото млеко во него додадете ја нематената хопла и кондензираното млеко кои треба да бидат ладни од фрижидер. Половина од овој сируп користете го за да го прелиете тестото, додека другата половина чувајте ја како сируп за сервирање на секое праче торта.
Откако ќе ја прелиете тортата со сирупот, покријте со фолија и оставате да се впие неколку часа или преку ноќ.
Декорација со Хопла
500 мл хопла
Ладна хопла од фрижидер изматете ја и со подебел слој декорирајте го тестото.
Пресечете на парчиња и сервирајте со сируп и малку шафран.
Имајте добар апетит и на здравје нека ви е!
Подготовката на кондензирано млеко е лесна и само од две состојки (млеко и шеќер), доколку одлучите да го припремите и да заштетиде рецепт и детали за кондензирано млеко може да следите на линкот :