Directions
Млекото од афион е моќен природен лек со многу придобивки, кое можете да го подготвите дома на лесен начин и да го користите редовно.
Семето од афион е познато дека го одржува правилното функционирање на тироидната жлезда, добар извор е на здрави масти и протеини кои помагаат во развојот на мускулите.
Богат е со посебни хранливи материи, како што се влакна кои делуваат на ослободување на проблеми и тегоби како подуеност во стомакот и дигестивниот систем.
Ја зајакнува плодноста кај женската популација, одлично е за мирен сон и ослободување од болка. Може да го додадете во млако кравјо млеко и со една лажичка мелен анасон да го конзумирате пред спиење доколку имате болки во стомакот. Млекото од афион како моќен лек се користи како аналгетик и анестетик, па затоа треба да се користи умерно.
Ако сакате да ја покачите телесната тежина може да го конзумирате редовно во период од три недели и да почувствувате резултати.
Подготовката е едноставна, потопете афионско семе во вода, изблендирајте го, процедете и конзумирајте. Може да го чувате во фрижидер, затворено во шише неколку денови, пред употреба протресете
Подготовка
За 4 шољи (сервирања)
1 шоља афионско семе (150 грама)
3 шољи вода (750мл)
засладувач по избор(мед, урми)
1л ванила екстракт
Измијте една шоља афионско семе под ладна вода, и додадете три шољи ладна вода. Оставете го на собна температура отворено најмалку три часа или преку ноќ. Потоа течноста префрлете ја во блендер и блендирајте неколку минути додека смесата да стане бела. Процедете низ газа и префрлете во шише. Може да го чувате во фрижидер повеќе денови. Пред употреба протресете.
Млекото има убава сино-бела боја со интензивен вкус и мирис на афион. По желба може да додадете засладувач мед или урми додека го блендирате. Млекото може да го додавате во секаков вид на смути (со овез, банана) може да го комбинирате со кравјо млеко или да користите само од него. Не сосздава подуеност, а се чувствувате лесно и заситено.
Доволно е да конзумирете по една шоља дневно.
На здраје !