0 0
Меки Хамбургер Лепчиња, Испробан Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Меки Хамбургер Лепчиња, Испробан Рецепт!

  • Medium

Directions

Share

Рецепт за меки домашни лепчиња за Хамбургер, кои лесно и брзо се подготвуваат со миксер, но може да ги подготвите и без миксер со месење додека добиете мазно тесто. Измешајте ги сите состојки и оставете го во фрижидер 20 минути за тестото да се одмори пред процесот на нараснување. Оваа доза е за 10 лепчиња, но можете да ја удвоите и да испечете повеќе од нив или да замрзнете и да ги користите кога ви треба. Овие лепчиња имаат воздушна структура со неверојатен вкус и мирис кога се печат.

Најчесто ги поросувам со сусам и црно семе, но можете да ги оставите само со сусам или да ги направите по ваша желба.

Совршени за лепчиња за хамбургери, многу идеи за појадок или можете да уживате само во нивниот вкус, бидејќи се преслатки и многу вкусни, верувајте ми дека ќе ви се допаднат 🙂

Времето на печење е од 10 до 13 минути на 190 степени, а секое тесто за лепче е околу 80 грама. Следете ги сите детали за подготовка подолу.

 

Состојки:

– За 10 лепчиња

180 мл ладно млеко

50 грама јајце (едно јајце)

70 ml ладна вода

420 грама брашно

50 грама шеќер

7 грама сол

6 грама сув квасец

30 грама путер (собна температура, околу 20 Целзиусови)

Подготовка:

Напомена: Млекото и водата за овој рецепт треба да бидат ладни, а водата се додава половина на почетокот и постепено кога почнуваме да го месиме тестото.

Јас најчесто користам миксер за да заштедам време и енергија.

Додадете ги сите состојки во сад. Едно јајце, ладното млеко, шеќерот, солта, 1/2 од целата доза ладна вода и брашното. Потоа измешајте ги сите состојки со миксер додека не се соединат, кратко на средна брзина. Кога ќе се соединат сите состојки, додадете го сувиот квасец и измешајте неколку секунди. Тестото не треба да биде фино, доволно е да се соединат сите состојки. Покријте со фолија и ставете во фрижидер 20 минути.

По 20 минути, измесете го ова тесто на голема брзина 5 минути додека не омекне. Потоа додадете го путерот од 30 грама на собна температура. Путерот треба да биде омекнат за да полесно се спои со тестото. Повторно мешајте 6 до 7 минути на средна брзина и готови сте.

Префрлете го ова тесто во сад премачкан со масло и покријте го со фолија. Оставете го на собна температура да се зголеми двојно или повеќе, од 60 до 90 минути за да биде совршен. Ова тесто нема да изгуби од својот волумен, а можете да проверите со правење дупка во средината со прстот откако убаво ке нарасне.

Поделете го тестото на 10 парчиња, најдобро да користите кујнска вага за да ги направите сите иста големина. Секое тесто за лепче треба да биде околу 80 грама. Потоа обликувајте го секое поединечно без воздушни меури внатре за да бидат мазни. За полесно обликување може да го погледнете видеото од овие лепчиња. Префрлете ги во тава за печење со кујнска хартија и оставете ги да нараснат по втор пат 45 минути. Потребно е да има растојание помеѓу лепчињата бидејки ќе нараснат при печење, за да не ја изгубат формата и да не се залепат.

Откако ќе нараснат, премачкајте ги со белка и посипете ги со сусам и црно семе.

Печете ги во загреана рерна на 190 степени 10 до 13 минути.

Ви посакувам добар апетит. Се надевам дека ќе ви се допадне овој рецепт 🙂

Ако ви се допадне рецептот, споделете!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Soft Homemade Burger Buns !
next
КОЛАЧ ОД КОСТЕНИ! Мека структура, Брза Подготовка!
previous
Soft Homemade Burger Buns !
next
КОЛАЧ ОД КОСТЕНИ! Мека структура, Брза Подготовка!

Add Your Comment