Ingredients
-
4 Јајцасобна температура
-
340 грама кисело млеко
-
45 грама Брашно за колачиили сенаменско брашно
-
15 грама нишесте
-
65 грама шеќерво зрно
-
3 грама ванила екстракт
-
1 грам прстофат сол
-
1 лажица Сок од лимон
Directions
Торта со лесен вкус, воздушеста и мека, подготвена од јајца и кисело млеко како главни состојки, малку брашно и нишесте. Ванила екстракт и сок од лимон е по избор, но со нив оваа торта добива освежителен вкус и убава арома. Секогаш кога имате кисело млеко кое ви стоело подолго време и има киселкаст вкус, ви предлагам да не го фрлате, туку да го искористите како главна состојка на оваа торта.
Жолчките се мешаат со сувите состојки и киселото млеко и во нив се додаваат изматените белки со шеќер. Воздушестата смеса се пече на 150 степени и се намалува на 110 за тестото да не ви се распука.
При печење оваа торта не се отвара, а на крајот се остава да се излади 15 минути, и се остава во фрижидер кратко време пред да се сервира.
Има лесен вкус заради киселото млеко, а едно парче сум сигурна дека нема да ви биде доволно.
Начинот на подготовка и деталите на кои треба да внимавате за да секогаш имате успешен рецепт следете ги подолу. За да ги отворите состојките кликнете на плус + каде пишува Состојки.
Steps
1
Done
7 минути
|
ПодготовкаВо посебни садови одделете ги жолчките од белките од 4 јајца. |
2
Done
150 степени
|
ПечењеПри печење на оваа торта важно е да не ја отворате рерната за да температурата остане иста. Начинот на печење е малку поразличен од стандардно печење, бидејќи нема масло во составот и за да не загори, а притоа да се испече убаво и остане мека и воздушеста, потребно е да користите уште една тава која ќе ја наполните со врела вода, и потоа во неа ќе ја ставите тавата со торта. |