• Home
  • Закуски
  • МАРЦИПАН Бомбици во Какао Прав! Без Шеќер!
0 0
МАРЦИПАН Бомбици во Какао Прав! Без Шеќер!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
200 грама Бадемово брашно
2 полни лажици Мед големи
1 лажица Екстракт Бадем
Бадеми
Какао во прав за валкање

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

МАРЦИПАН Бомбици во Какао Прав! Без Шеќер!

Здрава и вкусна закуска во секое време

Features:

    неодолив домашен марципан

    • 10 минути
    • Serves 12
    • Easy

    Ingredients

    Directions

    Share

    Еден од најпопуларните, Марципанот има многу верзии ширум светот, но овој домашен десерт се состои од само три состојки и се подготвува за 10 минути. Се што ви е потребно е какао во прав за валкање, мед и бадемово брашно кое може да го направите и сами.

    Најчесто користам бадемови ливчиња и во мелница за мелење кафе лесно и брзо се добива бадемово брашно.

    Внимавајте мелењето да биде кратко во спротивно ќе ви се залепи и собере на ѕидовите.Неколку вртења се доволни, просејте го и користете го како свежо бадемово брашно.

    Бадемовите ливчиња се достапни во повеќето продавници за здрава храна.

    Дополнително може да користите екстракт од бадем за автентична арома. По избор може да ставите по еден бадем во средина за дополнителен вкус.

    Лесни и брзи за подготовка, со прекрасна текстура и вкус овие здрави бомбици верувам дека ќе ви се допаднат да ги имате во секое време.

    Чувајте ги во фрижидер.

     

    Steps

    1
    Done
    10 минути

    Подготовка

    Просејте го бадемовото брашно за да имате убава и мазна текстура на смесата, големите парчиња не ги ставајте. Потоа во 200 грама бадемово брашно додадете 2 големи лажици мед и една лажица екстракт од бадем. Измешајте ги сите состојки за да добиете компактна смеса.
    Таа е леплива и најдобро е веднаш да обликувате мали бомбици. На рацете ставете масло за да не ви се лепи смесата. Во секое парче ставете по еден бадем во средина и направете бомбица.
    Лесно се обликуваат заради густината и лепливоста од медот.
    Оставете ги во фрижидер најмалку 10 минути пред да ги валкате во какао прав.
    Верувам дека ќе ви се допаднат и често ќе ги правите дома.
    На здравје!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!
    next
    Honey MARZIPAN in Cocoa Powder!
    previous
    НАЈВКУСНО ТИРАМИСУ – КРЕМАСТО, се топи во уста – РЕЦЕПТ!
    next
    Honey MARZIPAN in Cocoa Powder!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here