0 0
ЛИМОН ТОРТА ! ЛЕСНА ПОДГОТОВКА!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
4 Јајца големи
200 грама брашно за торти и колачи/тип 500
110 грама шеќер кокосов шеќер ( или по избор)
200 мл масло сончогледово
8 грама Пециво 3 лажици
1 лажичка Сол
3 лажици ванила екстракт или домашен ликер ванила
2 рендани лимони кора од лимон
5 лажици Сок од лимон
5 лажици Шеќер во прав за прелив

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

ЛИМОН ТОРТА ! ЛЕСНА ПОДГОТОВКА!

Ароматична торта со малку калории

Features:

    Веган Диетална Торта

    • 45 минути
    • Serves 16
    • Easy

    Ingredients

    Directions

    Share

    Милувате торта со арома на лимон и брза подготовка за 2 минути без миксер?  Тогаш оваа вкусна и миризлива торта ќе ја обожавате.

    Има малку калории ако ја подготвите со кафеав шеќер или кокосов шеќер коидополнително ќе ја направат текстурата како вистински карамел. Можете да користите и шеќер во зрно доколку немате во моментот друга опција, но тогаш ќе имате убава светло-жолта текстура кога ќе ја пресечете.

    Лесно се подготвува само со маталка се мешаат сувите со течните состојки и се пече во рерна на 150 степени.

    Се прелива со миризлив прелив од лимонов сок и шеќер.

    Сите детали следете ги подолу.

    Напомена – Состојките отворете ги со кликање на + плус (состојки)

    Steps

    1
    Done
    45 минути

    Подготовка и Печење

    Во сад изматете ги јајцата со маталка да се изедначат и во нив додадете го шеќерот, ванила екстрактот, маслото и ренданата кора од два лимони. Матете неколку секунди за да ги изедначите состојките.
    Во тестото може да додадете ликер од ванила кој лесно се подготвува дома и е многу вкусен, а рецептот е веќе објавен на страната. Ако го направите овој ликер може да го користите често како замена за ванила екстракт и да го додавате во колачи и торти за убава и мазна текстура.
    Откако ќе ги измешате течните состојки во нив додадете ги сувите состојки.
    Брашното просејте го и во него додадете го пецивото и солта, и додадете ги во садот на течните состојки. Изматете со маталка и ќе добиете убава карамел текстура со темна боја доколку користите кокосов или кафеав шеќер и светла доколку користите шеќер во зрно.
    Префрлете ја смесата во премачан калап со масло и печете 45 минути во загреана рерна на 150 степени. Проверете го тестото со чепкалка на крајот дали е готово(не се лепи ако е убаво испечена одвнатре)
    Оставете ја да се излади најмалку 10 минути и полијте ја со прелив.
    Преливот направете го од свеж лимонов сок 5 лажици и 5 лажици шеќер во прав. Измешајте ги со лажица и прелијте ја оладената торта. Може да декорирате по желба.
    Јас користев бадемови ливчиња и кокосов шеќер за декорација.
    Доколку ви се допадне овој рецепт споделете.
    На здравје!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    PINE SYRUP-TRADITIONAL RECIPE !
    next
    LEMON DRIZZLE CAKE ! EASY, NO MIXER!
    previous
    PINE SYRUP-TRADITIONAL RECIPE !
    next
    LEMON DRIZZLE CAKE ! EASY, NO MIXER!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here