Directions
Овој едноставен колач со прекрасна арома на лимон и светло-жолта текстура ако го подготвите може да ви биде при рака во било кој дел од денот со чај или кафе.
Лесната и брза подготовка од две минути го прави да биде посакуван и да може да го припремате и тогаш кога сте кратки со време. Се што ви е потребно е жица маталка, да ги измешате сувите со течните состојки и да го оставите да се пече во рерна на 150 степени.
На крајот се прелива со прелив кој ќе го надополни со вкус и арома.
Сите детали следете ги подолу.
Состојки и Подготовка
4 јајца (L големина)
200 гр. сенаменско брашно
110 гр. шеќер во зрно
200 мл. сончогледово масло (или масло од семка од грозје)
8 гр. пециво
прстофат сол
2 л. ванила екстракт
рендана кора од 1 лимон
За прелив
6 лажици шечер во прав
2 лажици свеж лимонов сок
1/2 супена суви ливчиња рози
Во сад изматете ги јајцата со маталка да се изедначат и во нив додадете го шеќерот, ванила екстрактот, маслото и ренданата кора од два лимони. Матете неколку секунди за да ги изедначите состојките.
Откако ќе ги измешате течните состојки во нив додадете ги сувите состојки.
Брашното просејте го, додадете ги пецивото и солта и додадете ги во садот на течните состојки. Изматете со маталка и ќе добиете убава карамел текстура со светло-жолта боја.
Префрлете ја смесата во премачкан калап со масло и печете 45 минути во загреана рерна на 150 степени. Проверете го тестото со чепкалка на крајот дали е готово (не се лепи ако е убаво испечена одвнатре)
За печење на овој колач може да користите калап по избор, зависно од формата на калапот може да добиете овалена, правоаголна форма, или може да користите калап за куглов и да имате уникатна форма.
Оставете ја да се излади 5 минути и прелијте ја со преливот.
Преливот направете го од свеж лимонов сок 3 лажици, 8 лажици шеќер во прав и 1/2 лажичка мелени сушени ливчиња рози. Измешајте ги сите сосотојки со лажица и прелијте ја топлата торта.
Доколку немате рози, може да декорирате со парчиња лимон или рендана кора од лимон на крајот.
Доколку ви се допадне овој рецепт споделете.
На здравје!