Directions
Крцкав леб од хељда без квасец кој можете да го вклучите во вашата здрава исхрана. Го чисти вашето тело од токсини и го забрзува метаболизмот.
Ова лепче не се меси, само измешајте ги сите состојки со дрвена лажица, и оставете да се одмори 30 минути пред печење.
Псилиумот му помага на вашиот дигестивен систем да работи правилно и да ослабнете во исто време.
Кога го конзумирате овој леб подобро е ако пиете повеќе вода.
Без глутенско лепче со неверојатен мирис на орев и наут.
Лесен и здрав рецепт !
Состојки
300 грама брашно од хељда
100 грама брашно од наут
100 грама оризово брашно
100 грама ореви
150 мл газирана вода
500 мл млака вода
30 мл маслиново масло
2 супени лажици псилиум
1 супена лажица сол
1 супена лажица сода бикарбона
Се додаваат сите брашна во сад, се сецкаат оревите и се додаваат заедно со солта, псилиумот и сода бикарбоната. Се мешаат сите суви состојки и се додава газираната вода, маслото и млаката вода. Се мешаат сите состојки со дрвена лажица и се префлаат во тава за печење. Се покрива со крпа и се остава да стои 30 минути на собна температура. Се пече на 200 степени точно 45 минути. На крајот оставете да олади па извадете од садот за печење.
Оревите може да се додадат и мелени по избор.
Имајте добар апетит !
На здравје!
https://www.instagram.com/reel/Cwvn6GhMex4/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==