0 0
Крцкав леб од Хељда без месење !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Крцкав леб од Хељда без месење !

Features:

    Здравo, без квасец, брза и лесна подготовка

    • 1 час и 15 минути
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

    Крцкав леб од хељда без квасец кој можете да го вклучите во вашата здрава исхрана. Го чисти вашето тело од токсини и го забрзува метаболизмот.

    Ова лепче не се меси, само измешајте ги сите состојки со дрвена лажица, и оставете да се одмори 30 минути пред печење.

    Псилиумот му помага на вашиот дигестивен систем да работи правилно и да ослабнете во исто време.

    Кога го конзумирате овој леб подобро е ако пиете повеќе вода.

    Без глутенско лепче со неверојатен мирис на орев и наут.

    Лесен и здрав рецепт !

    Состојки

    300 грама брашно од хељда

    100 грама брашно од наут

    100 грама оризово брашно

    100 грама ореви

    150 мл газирана вода

    500 мл млака вода

    30 мл маслиново масло

    2 супени лажици псилиум

    1 супена лажица сол

    1 супена лажица сода бикарбона

    Се додаваат сите брашна во сад, се сецкаат оревите и се додаваат заедно со солта, псилиумот и сода бикарбоната. Се мешаат сите суви состојки и се додава газираната вода,  маслото и млаката вода. Се мешаат сите состојки со дрвена лажица и се префлаат во тава за печење. Се покрива со крпа и се остава да стои 30 минути на собна температура. Се пече на 200 степени точно 45 минути. На крајот оставете да олади па извадете од садот за печење.

    Оревите може да се додадат и мелени по избор.

    Имајте добар апетит !

    На здравје!

     

     

     

    Steps

    1
    Done
    2
    Done

    Martin

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Gluten free Crunchy Buckwheat Bread
    next
    Escargot De Bourgogne
    previous
    Gluten free Crunchy Buckwheat Bread
    next
    Escargot De Bourgogne

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here