Directions
Домашниот пилешки сендвич може да биде многу вкусен и сочен во исто време, а подготвен за многу кратко време. Подготовката на овие лескавици е од месо од пилешки гради кое е потребно да биде мелено. Во месара кога ги купувате може да побарате да ви ги измелат или дома може да користите блендер.
За дополнителен вкус ќе ви биде потребно жолчка од јајце, малку млеко и лебни трошки, масло за готвење и зачини по вкус или може да ги следите моите зачини како препорака. Пред пржење потребно е да ги извалкате во презла и матено јајце.
Лепчињата за овој сендвич може да ги подготвите дома претходно, а сите детали од рецептот за овие меки лепчиња може да следите на линкот подолу во овој пост.
Состојки
500 грама мелени пилешки гради
1 жолчка
40 мл. млеко
25 грама лебни трошки
2л. сол
1л. лук во прав
1л. кромид во прав
1л. ѓумбир во прав
1/2л мускатно оревче
1л чили снегулки
1л сушен целер
презла за валкање
матени јајца за валкање
хамбургер лепчиња
сос од мајонез
листови марула
масло за готвење
Подготовка
Во сад доддадете го месото и останатите состојки, убаво измешајте да се изедначи смесата и поделете го на 4 до 6 дела, во зависност од големината на плескавиците која ја сакате, обликувајте топка и притиснете ги. Извалкајте ја секоја плескавица во јајце па во презла.
Загрејте го маслото за готвење, потребно е да имате повеќе масло за поголема крцкавост однадвор и кога е доволно топло, пржете ги на средна умерена температура. Секоја страна пржете ја по три минути и не ги вртете додека се пржат. Вишокот масло исцедете го на хартија.
Бургер лепчињата потпечете ги во тава на малку путер одвнатре и премачкајте ги со сос од мајонез.
Сос од мајонез
1 јајце
1 лукче
1,1/5 л сенф
1,1/5 л бел оцет
1 шоља масло
сол по потреба
чили снегулки
Се блендираат сите состојки со пасатор додека се добие посакуваната густина.
Додатете листови марула или зеленчук по избор и уживајте во вкусовите.
Имајте добар апетит !
Подготовката на лепчињата може да ја следите во видеото :
https://www.instagram.com/reel/Clerm_KM0E8/?utm_source=ig_web_copy_link&igshid=MzRlODBiNWFlZA==