0 0
Крцкави Домашни Лебчиња!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
500 грама брашно остро брашно или брашно за пица
4 грама сув квасец една лажица
8 грама Сол една лажица
(6 грама) шеќер една лажица
340 мл Млака вода 40 степени

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Крцкави Домашни Лебчиња!

Крцкави и Топли Домашни Лепчиња!

Ова ќе бидат вашите омилени лепчиња

  • 2-20 минути
  • Serves 6
  • Medium

Ingredients

Directions

Share

Топли и крцкави домашни лепчиња, кои не бараат многу време и труд и се подготвуваат со миксер.

Еднаш ако ги направите ќе бидат вашите омилени, и заради изгледот но и вкусот.

Се што ви е потребно е брашно, сув квасец, вода, малку шеќер и сол. Може да ги месите или да користите миксер. Како и да одберете да ги подготвувате потребно ви е исто време.

Следете ги сите детали и рецептот во продолжение.

На профилите на Instagram и на Facebook на Olgica Naceva Kitchen се достапни видеа кои може да ги погледнете за полесно обликување на лепчињата.

Steps

1
Done
1 час

Подготовка на тесто 1

Започнете со активирање на квасецот.
Во млака вода на температура не повеќе од 40 степени, додадете една лажица шеќер во зрно ( 6 грама) и промешајте да се растопи.
Во водата додадете го сувиот квасец (4 грама) или двојно повеќе ако користите свеж квасец.
Оставете десет минути да се растопи и активира квасецот.
Во меѓувреме просејте го брашното да биде растресито и во него додадете лажица сол (8 грама).
Измешајте да се соединат брашното и солта.
После десет минути откако е активен квасецот додадете го во сад во кој ќе го приготвувате тестото и додавајте го брашното со лажица една по една, не наеднаш. Откако ќе го додадете целото брашно тестото оставете го на 1 (единица) да се меси со миксер десет минути. Првите пет минути на најмала брзина, вторите пет минути на втора брзина. Или месете го тестото со раце десет минути.
На крајот тестото ќе биде лепливо и мазно. На набрашнета површина обликувајте го кратко тестото во топка, премачкајте го со масло и ставете го во стаклен сад. Покријте го со фолија и оставете го на топла собна температура да стои еден час. Тестото за еден час ќе нарасне повеќе од двојно.

2
Done
1 час

Подготовка на тесто 2 и печење

После еден час откако ќе нарасне тестото двојно, размесете го повторно во топка и вратете го во истиот сад да стасува уште триесет минути.
На набрашнета површина поделете го тестото по второто нараснување на 6 еднакви дела.
Нараснатото тесто треба да биде околу 850 грама или секое мало парче околу 140 грама.
Секое мало парче обликувајте го со рака во топка и набрашнете го одозгора.
Откако ќе ги обликувате сите шест парчиња, оставете ги на работната маса, покријте ги со крпа и оставете ги да одморат пет до десет минути.
После десет минути секое топче притиснете го на средина и придвижете напред назад за финално да го обликувате и издолжите во мала ролна. За полесно да ги обликувате можете да ги погледнете видеата објавени на профилите на Instagram или Facebook.
На премачкана тава со маст или масло редете го секое лепче на косо и оставајте простор да не се допираат при печењето.
На крајот откако ќе ги наредите во тавата покријте ги со крпа и оставете да отстојат дваесет до триесет минути, во зависност од собната температура. Најдобро е да бидат на температура околу 25 степени за кои се доволни 20 минути.
Во меѓувреме подгответе ја рерната и вклучете ја на 220 степени, а внатре ставете сад со вода.
Додека се печат лепчињата тоа ќе им помогне за покрцкава кора.
Пред печење исечете ги со остар нож на средина лепчињата по должина и печете ги 15 до 20 минути, во зависност колку сакате да бидат темни.
Пред печење во рерна може да ги испрскате лепчињата со вода.
Одлични со путер или ајвар!
На здравје!
Споделете и лајкнете доколку ви се допаѓаат овие топли лепчиња :)

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Вкусно слатко од Дива Капина – Рецепт !
next
Вкусен “Охридски Ѓеврек” !
previous
Вкусно слатко од Дива Капина – Рецепт !
next
Вкусен “Охридски Ѓеврек” !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here