Directions
Крцкава и вкусна домашна Баклава полнета со ф’стаци или ореви по избор. Лесно и брзо се подготвува со купечки кори, јатки во средишниот дел кој ја одвојува на горен крцкав слој од кори и долен слој кој го впива шербетот и дава сочност на баклавата.
Шербет со помала благост и богат вкус на растопен путер до вистинско благо задоволство наречено балкава.
Потребни ви се кори за баклава од 1 килограм или 25 кори, путер и јатки по избор (ореви или ф’стаци) или ако не можете да се одлучите за еден вкус како мене може да ја поделите на две половини.
Од една доза ќе добиете од 12 до 16 парчиња баклава.
Сите детали за оваа вкусна домашна баклава следете ги подолу.
Потребно време за подготовка е 30 минути
Потребни состојки за Баклава
1 килограм кори за баклава
200 грама путер
300 – 400 грама грама сецкани јатки
За шербет
450 грама шеќер
340 мл вода
1/2 Лимон
Подготовка
Исечете ги корите во кружна форма во големина на дното на округла тепсија. Поделете ги корите на две половини. Путерот растопете го на оган и премачкајте ја тавата. Потоа наредете две кори и премачкајте ги со путер. Редете по две кори и премачкувајте ја секоја втора со растопениот путер. На средишниот дел распоредете ги исецканите ореви или ф’стаци и пак поставете две кори. За убав волумен на баклавата наредете 25 кори и на крајот премачкајте ги со путерот. Исечете ги на 12 или 16 парчиња. Печете ги на 180 степени околу 15 до 20 минути додека да добијат потемна златна површина. Откако ќе ги испечете оставете ги да оладат.
Подгответе го шербетот од водата и шеќерот. Откако ќе се растопи шеќерот мешајте повремено додека се избистри течноста. Откако ќе зоврие намалете ја температурата на средно умерена температура и мешајте повремено. Додадете сок од половина лимон и оставете да врие десет до дванаесет минути. Пред да ја полиете оладената баклава оставете го шербетот малку да ја намали температурата, не веднаш додека врие. Оставете ја баклавата да го впие шербетот убаво неколку часа.
На крајот врз секое парче поросете сецкани ореви или ф’стаци.
Имајте добар апетит и уживајте во ова слатко задоволство.
На здравје!