Directions
Миризлива есенска овошка полна здравје, една од најлековитите за грип и настинки може да ја дегустирате како здрава варијанта и во текот на зимата.
Овој брз и лесен компот за подготовка не се вари и целосно ги задржува здравите и хранливи состојки, без шеќер, без лимонтус, кој ќе можете да го конзумирате и во зимските денови со пастеризација.
Потребни ви се само три состојки – одбрани здрави дуњи, неколку лажици мед и свеж лимон. По избор може да додадете каранфилче, цимет или ѕвезда анасон (анис, анасонка) за дополнителна арома. Од еден килограм дуњи ќе добиете 4 мали тегли компот.









