• Home
  • Торти
  • КОЛАЧ ОД КОСТЕНИ! Мека структура, Брза Подготовка!
0 0
КОЛАЧ ОД КОСТЕНИ! Мека структура, Брза Подготовка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

КОЛАЧ ОД КОСТЕНИ! Мека структура, Брза Подготовка!

  • Medium

Directions

Share

Вкусен и мек ароматичен колач од варени костени кој се подготвува брзо и лесно за неколку минути. Овој здрав колач е идеален за зимските денови, а може и да се најде на божиќната трпеза. Ако сте љубители на рум и чоколада, тогаш можете да го збогатите вкусот на костенот со прекрасната арома на рум и природната благост на варениот костен совршено да ја влкопите со растопена чоколада.

 

Во зависност од калапот кој ќе го користите може да направите и двојна доза доколку користите поголем калап. Доволно е да сварите половина килограм костени претходно и да ги исчистите. Половина час варење е сосема доволно за убаво да омекнат и да можете да ги исчистите.

 Извадете го внатрешниот дел и користете и помали и поголеми парченца кои дополнително ќе ги чувствувате во секој залак.

Одвојте дел од неколку лажици од исчистените костени за декорација на крајот.

Ако не сакате чоколада колачот можете само да го поросите со прав шеќер на карјот откако ќе олади.

Деталите и подготовката за овој ароматичен колач следете ги подолу.

 

 

 

Состојки

 

  • за тесто

250 грама варени и исчистени костени во парчиња

100 грама брашно

3 јајца

50 грама путер

2 лажици кафеав шеќер

1 лажица шеќер во зрно

1 пециво

 

  • За костените

2 лажици мед

1 лажица кафеав шеќер

1/2 л. цимет

2 лажици темен рум/екстракт од рум

100 грама растопена чоколада за декорација

 

Подготовка

Најпрвин подгответе ги исчистените костени на парченца. Во 250 грама иситнети костени додадете 2 лажици мед, 1 лажица кафеав шеќер, пола лажичка цимет и две лажици темен рум или екстракт од рум за убава арома и вкус на колачот. Измешајте ги сите состојки убаво, ќе добиете смеса слична на пире и оставете ги настрана и подгответе го тестото за колачот.

Во сад ставете 3 јајца на собна температура и во нив додадете 1 лажица шеќер во зрно и 2 лажици кафеав шеќер. Матете ги со миксер неколку минути пенесто додека се зголеми волуменот убаво. Потоа додадете 50 грама растопен путер и повторно изматете кратко една минута. Ќе добиете сјајна и мазна смеса. Потоа додадете го просеаното брашно 100 грама и едно пециво и изматете со миксер додека се спојат сувите со течните состојки.

На крајот додадете ги засладените костени и измаете ја смесата. Префрлете ја смесата во калап по избор. Претходно калапот премачкајте го убаво со путер и поросете го со брашно.

Печете во загреана рерна на 160 степени 30 до 40 минути.

Проверете ја внатрешноста со чепкалка за заби.

Оставете го колачот малку да олади и префрлете го на чинија за сервирање. По избор може да го декорирате со шечер во прав или со растопена чоколада и парченца од варениот костен.

Прекрасен и здрав колач идеален за зимските денови.

На здравје нека ви е!

 

 

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Меки Хамбургер Лепчиња, Испробан Рецепт!
next
CHESTNUT Pound Cake! Aromatic and Soft!
previous
Меки Хамбургер Лепчиња, Испробан Рецепт!
next
CHESTNUT Pound Cake! Aromatic and Soft!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here