Directions

Вкусни карамелизирани јагоди со темно чоколадо, може да бидат оригинална идеја ако сакате да направите изненадување за некоја посебена личност. Иако овој рецепт беше замислен поинаку сепак работите се сменија во последен момент. Кога не бев сигурна кој калап да го користам за растопената чоколада, на крајот решив да користам калапи за мафини и во секој одделно да додадам само по една јагода. Крајниот исход беше повеќе од очекуваното. Оригинални и уникатни закуски со кои може навистина да изненадите ! Следете ја подготовката подолу во постот !







