• Home
  • Без глутен
  • Како да подготвите Свежи Сардини – Рецепт и Придобивки од оваа морска риба!
0 0
Како да подготвите Свежи Сардини – Рецепт и Придобивки од оваа морска риба!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Како да подготвите Свежи Сардини – Рецепт и Придобивки од оваа морска риба!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Сардините се нискокалорична морска риба која влегува во Топ 5 здрави риби што треба да ги вклучите во исхраната заедно со пастрмката, лососот, скушата и ракчињата.

    Една од најмалку загадените риби која се храни со планктони, не содржи тешки метали и жива бидејки живее најчесто во ниските води каде има голема концентрација на хлорофил што особено им помага во периодот на мрестење, а со тоа и самата риба изобилува со хлорофил.

    Овие риби имаат голема хранлива моќ бидејќи се одличен извор на протеини кои ве заситуваат кога ги консумирате, а додавање во урамнотежената исхрана може да ви помогнат во функцијата на крвните садови и срцето, подобрување на целиот имунитет, како и во многу воспалителни процеси за телото и кожата. Погодни се во процесот на слабеење, како и за дијабетичарите, а кожата и коските на овие риби се јадливи и содржат голема количина на Калциум, како и голема количина на витамин Б12,Витамин Д, Калциум, Железо и Селен.

    Европската сардина (Sardina pilchardus) е широко распространета на Средоземното море и е важен рибен ресурс за многу земји. Пред илјадници години ја конзумирале како свежа морска храна, а конзервирањето во фабрики започнало во 19ти век, а рокот на траење во конзерви е од 10 до 30 години. Земја која има најдобар квалитет на сардини е Португалија, а воедно и е земја на врвот по конзумирање на оваа риба.

    На кратко детали за овие прекрасни риби кои се надевам дека ќе ве измотивираат со бенефитите за да ги вклучите во исхраната. Кај нас може да ги најдете во рибарниците во зимскиот период откако ќе заврши периодот на мрестење, и најдобро е ако ги најдете исчистени.

    Чистење на Сардините

    Чистењето и подготовката на сардините нема да ви одземе многу време. По отстранување на главата и внатрешниот дел направете засек  на долниот дел до крајот на опашката, притиснете ја нежно рибата по грбниот дел за да ја отворите малку и нежно повлечете ја коската од опашката накај главата. Кожата на сардините е многу нежна и затоа не треба да притискате силно. Отворете ги како пеперутки и покријте ги додека ги чистите другите бидејќи брзо им се суши кожата.

    Рецепт и Детали

    Сос за 15 до 20 сардини (зависно од големината)

    3-4 чешниња лук

    Морска сол (прстофат)

    Магдонос (скоро една китка)

    3 лажици маслиново масло

    1/2 свеж сок од лимон

    зачини по вкус (црн бибер, црвена пиперка, чили снегулки, морско оревче)

    За валкање

    Пченкарно брашно и

    1/2 лажичка куркума

    Во сад додадете го лукчето и прстофат морска сол и испасирајте ги со толчник убаво, додадете го исецканиот магдонос и исетнете ги убаво сите состојки додека ги пуштат соковите, потоа додадете сок од половина лимон, маслиново масло и зачини по 1/2 лажичка од секој од горенаведените. Испасирајте убаво да се спојат вкусовите. За побрза подготовка на сосот може сите состојки да ги подготвите во сецко.

    Подготовка на Сардини

    Секоја сардина од двете страни убаво извалкајте ја во сосот, а во внатрешниот дел може да наполните повеќе како фил. Лепете две по две сардини со слична големина и редете ги во чинија.

    На крајот од двете страни убаво извалкајте ги во пченкарното брашно и пржете ги на средна температура во маслиново масло. Доволно е по две минути од секоја страна и да ги извадите.

    По вкус на крајот декоријате со малку магдонос и свеж лимон.

    Оваа здрава закуска или оброк се одлични со пиво или вино по избор!

    Имајте добар апетит и гответе здрава домашна храна !

     

     

     

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Saffron Milk Cake 💛 Middle East Tres leches cake!
    next
    Crunchy Fried Fresh Sardines, Recipe and Healthy Benefits !
    previous
    Saffron Milk Cake 💛 Middle East Tres leches cake!
    next
    Crunchy Fried Fresh Sardines, Recipe and Healthy Benefits !

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here