Directions
Мек јунешки стек може да подготвите за неколку минути со пржење во масло откако претходно ќе го маринирате во маринада која ќе му помогне на месото да остане многу меко и сочно.
Потребно да е да го исецкате на мали парчиња по должината на жилите и да го оставите да стои во маринада најмалку еден час или најдобро да го подготвите навечер и да го оставите покриено во сад со фолија во фрижидер убаво да отстои преку ноќ. При подготовка може да му додадете сецкана зелена и црвена пиперка и сецкан кромид на поголеми парчиња. Подготовката и пржењето на овој рецепт нема да ви одземе повеќе од пет минути со претходно маринирање.
При одбирање на месо може да користите крилен јунешки стек (flank steak) бидејќи ќе ви заштеди пари, а овој дел од јунешко парче може да биде идеален за подготовка на овој рецепт.
Состојки
500 грама јунешки крилен стек
1л сода бикарбона
1л нишесте
2л вода
2л масло
1л соја сос
1л оистер сос
во замена за соја и оистер сос може да користите една лажица сол.
Во сад убаво измешајте ги сите состојки и додадете го исецканото месо. Месото исецкајте го ситно во правец на жилите за да биде меко при јадење. Се сецка на помали коцки или парчиња и се додава во маринадата, се масира да се впие маринадата во месото убаво, се покрива со фолија и се остава во фрижидер да стои преку ноќ.
Подготовка на Месото
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1/2 црвен кромид
1 младо кромидче
2 чешниња лук
2цм ѓумбир исецкан
Во загреана тава се додава маслото и најпрвин се пржи месото една до две минути, не повеќе. За да биде крцкаво месото додадете повеќе масло. Се вади месото од тавата и се остава на страна, Во тавата се додава лукчето со ѓумбир, се пржат кратко неколку секунди потоа се додава исецканиот зелнчук и се пржи една до две минути. Зеленчукот најдобро е да го исецкате на крупни парчиња. Потоа се додава месото и младото кромидче сецкано.
На крајот се додава сос подготвен претходно од
1л вино
1/2 л бел оцет
1л мед(шеќер)
1/2л нишесте
2 л вода
1л соја сос
1л оистер сос
1л чили сос
Измешајте ја водата и нишестето и потоа во нив додадете ги останатите состојки. Овој сос додадете го во месото со зеленчук во тавата, кратко измешајте и сервирајте во чинија. Сосот убаво ќе ги спои сите вкусови и ќе им даде убава густина на соковите од месото и зеленчукот.
На крајот поросете со младо кромидче а по желба може да додадете и суви чили пиперчиња.
Имајте добар апетит!
Споделете ако ви се допадне!