Directions
Откако започнаа топлите сончеви денови сигурно нема да сакате да ја пропуштите можноста за домашен Магнум Сладолед. Ова слатко задоволство богато со чоколадо може да биде ваш декадентен рецепт. Богат слој на чоколаден прелив, мек и мазен одвнатре, а крцкав однадвор со сецкани печени лешници. Овој сладолед се подготвува од 4 состојки, а од една доза се добиваат 7 сладоледи, во зависност од големината на модлите кои ќе ги користите.
Состојки
120 грама млеко
150 грама црна чоколада
40 грама шеќер
240 грама хопла
1/2 лажичка сол
Во стаклен сад се ставаат млекото, чоколадата, солта и шеќерот и садот се става врз тенџере со врела вода за да се растопат сите состојки. Со повремено мешање откако ќе се соединат сите состојки во нив додадете ја изматената хопла. За поубав волумен на смесата оставете малку да олади растопената чоколада па потоа додадете ја хоплата. Целата смеса префрлете ја во пластична кеса за полесно да ги наполните модлите. Ако користите пластични модли со тапкање на модлите ослободете се од празнините и меурите внатре и ставете ги во замрзнувач најмалку 8 часа. Може да ги ставите модлите во топла вода кратко 30тина секунди до минута откако ќе ги извадите од замрзнувач, и оставете ги на собна температура додека да се одлепат од модлите. Не ги форсирајте да ги одлепите за да не ги скршите, туку пробајте со лесни движења да ги одлепите од ѕидовите на модлата. Подготвените сладоледи ставете ги на хартија за печење и вратете ги во фрижидер уште еден час пред да ги прелиете со чоколада.
Доколку користите силиконски модли оваа постапка ќе ви биде полесна и нема да ги враќате во замрзнувач пред да ги покриете со прелив бидејќи веднаш ќе ги извадите и прелиете со чоколада.
За прелив на 7 сладоледи ви се потребни 200 до 250 грама растопена чоколада. Во неа додадете и 2 лажици кокосово масло и вака растопениот прелив префрлете го чаша за полесно и еднакво да ги прелиете со тенок слој. По преливањето веднаш додадете сецкани печени лешници или фстаци за да може да се залепат. По избор може да ги додадете и внатре во растопената чоколада.
Пред дегустација оставете ги во фрижидер десетина минути.
На здравје нека ви е ова слатко чоколадно задоволство!