0 0
ТУРШИЈА – Руска Салата без конзерванс!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

3 кг по избор Зеленчук (карфиол, морков, корнишони, зелка, црвена пиперка)
400 грама оцет 9% бел оцет
2 лажици морска сол
300 грама масло
1 лажица шеќер во зрно
2 пакетчиња бибер во зрно
1 пакетче Ловоров лист

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

ТУРШИЈА – Руска Салата без конзерванс!

Домашна салата совршен пар на Ракија !

Features:

    Туршија Руска Салата!

    • 24 часа
    • Medium

    Ingredients

    Directions

    Share

    Туршија – Руска Салата како зимница е микс од повеќе зеленчуци по избор која е идеална за зимскиот период.

    Богата е со многу витамини и поволно влијае на целиот метаболизам особено во зима кога се внесува калорична храна. Идеална како салата со алкохол (кај нас се користи најчесто со ракија), како салата во комбинација со многу традиционални јадења, и е одличен додаток со омлет за доручек.

     

    Мојот избор започнува од карфиол, морков, корнишони, зелка и црвена пиперка, но можете да додадете зелени домати, артичока или по ваш вкус.

    Во мојот начин на подготовка не користам конзерванс и винобран, и преку пастеризација се задржуваат природниот вкус и бенефити на зеленчукот во текот на зимата.

    Доколку не сте приготвувале или немате искуство, важно е да обрнете внимание дека се користи бел оцет или 9 % оцет.

    Овој рецепт е за микс од зеленчук од 3кг, за кој ќе ви бидат потребни околу 6 тегли.

    Следете го начинот на подготовка опишан подолу!

    Steps

    1
    Done
    30 минути

    Подготовка на Зеленчук

    Одберете зеленчук по желба. Нема правило како и од кој вид зеленчук колку да ставите, туку зависи од тоа какви вкусови и зеленчук повеќе сакате. Освен наведениот зеленчук може да додадете и зелени домати, артичока или слично.
    Убаво измијте го зеленчукот особено корнишоните да немаат мрсни делови или нечистотии бидејќи нема да се додадаваат конзерванс и винобран, па затоа треба да бидат исчистени за да се избегне развивање на бактерии. Морковот можете да го излупите за да бидете посигурни.
    Ситно исецкајте го морковот и корнишоните на тенки тркалца. Зелката исто исецкајте ја тенко на мали парчиња, пиперката на големина која вас ви одговара, карфиолот за да ви биде полесно со раце одделете го на мали парченца.
    Во поголем сад измешајте го зеленчукот и во него додадете 1 лажица шеќер, 2 лажици морска сол, бибер во зрно едно пакетче, 300 мл масло и 400 мл оцет.
    Оцетот треба да биде 9%.
    Измешајте ги сите состојки со дрвена лажица.
    Направете притисок врз зеленчукот со предмет кој тежи и оставете да стои 24 часа.
    Повремено промешувајте во текот на денот за дополнително испуштање на соковите и подобро мешање на вкусовите.
    Притоа пробувајте дали вкусот е по ваша желба.
    Во зависност од зеленчукот кој го имате додадено можете да додадете дополнително оцет или сол, притоа имајте во предвид дека киселоста на салатата додека пробувате треба да биде поголема од вообичаено, бидејќи со стоење после пастеризација зеленчукот дополнително ќе впие.

    2
    Done
    20 минути

    Пастеризација ( Стерилизација )

    Доколку додадете винобран и конзерванс пастеризација нема да ви биде потребна.
    Ако не додадвате, тогаш е потребна стерилизација на зеленчукот и теглите и оа може да го направите лесно и брзо во рерна.
    Во измиени тегли распоредете го приготвениот зеленчук кој стоеше 24 часа. Дополнително додадете ловоров лист додека полните и второто пакетче зрно во бибер.
    Притоа притискајте со лажица додека ги полнете теглите. Кога ќе го завршите полнењето на теглите со зеленчук, прелијте и наполнете ги теглите со дел од течноста која ја испуштиле додека стоеле.
    Убаво затворете ја секоја тегла и наредете ги во рерна исправено. Теглите не треба да се допираат за да не пукнат при загревање. Може да ги ставите сите тегли во поголема тава или директно на решетката. Откако убаво ќе ги распоредите теглите, вклучете ја рерната на 150 степени. Оставете ги 20 минути во рерна. После 20 минути исклучете ја рерната и оставете ги да се оладат теглите. Не ги вадете веднаш за да не пукнат.

    Освежителна салата полна витамини идеална со ракија !
    На здравје!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Како да направите совршен Сутлијаш!
    next
    PICKLES – Ruska Salata !
    previous
    Како да направите совршен Сутлијаш!
    next
    PICKLES – Ruska Salata !

    Add Your Comment