Directions
За сите љубители на сладок компир ви предлагам вкусна салата со печен сладок компир надополнет со вкус од овошје, зеленчук и меко сирење прелиена со вкусен дресинг кој ќе ги спои сите вкусови заедно до неодоливост.
Потребни состојки
2 парчиња сладок компир
рукола по вкус
1 зелена јаболка(златен делишес)
100 грама меко бело сирење (бело данско или фета сирење)
1 киви
ким во зрно
сол
маслиново масло
За дресинг
1 л маслиново масло
1/2 супена мелен ким
1 л јаболков оцет
1 л мед
Подготовка
Ситно исецкајте го сладкиот компир на мали коцки, посолете го малку сол, и ким 2 супени лажици ким во зрна. Додадете малсиново масло 2 лажици, измешајте ги убаво сите парчиња убаво да се покријат со масло и ким и додадете ги во тава за печење. Печете на 180 степени 20 до 30 минути зависно од големината на парчињата. Во текот на печењето може еднаш да ги измешате и вратите назад за поубав вкус. Извадете ги кога ќе омекнат убаво. Исецкајте киви на мали коцки, една зелена јаболка на четвртинки и потоа секоја четвртинка на тенки ленти. Сирењето исецкајте го на коцки.
Сервирајте на дрвена даска или длабока чинија. На дното додадете ја руколата, врз неа распоредете ги сладкиот компир на коцки, киви парчињата и сирењето во коцки. Прелијте со дресингот и уживајте во вкусовите.
Имајте добар апетит!