• Home
  • Ручек
  • Домашна Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!
0 0
Домашна Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Домашна Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!

Cuisine:
  • Medium

Directions

Share

Домашна Светиниколска Пастрмајлија чие тесто се подготвува за дваесетина минути и веднаш може да ги обликувате и печете.
Тестото е меко, тенко и не бара многу внимание и вештина за вкусен резултат. Светиниколската пастрмајлија се подготвува со месо на коцки, јајца и сирење, а за дополнителен вкус и крцкавост на тестото во неа се додава свинска маст.
Денес најчесто се подготвува како Пилешка и Свинска Пастрмајлија, но во минататото баба ми ја подготвувала со пастрма (овчо месо).
Во зависност од вкусот и на какво месо сте љубители може да ја подготвите и со телешко.
Месото треба да биде меко и ситно сецкано на коцки, а сирење може да користите по избор кравјо, овчо или козјо, потребно е да биде ронливо и меко.
На крајот секоја партрмајлија се покрива со јајца.
Мојот предлог за тесто е лесен и нема потреба од месење а на крајот тестото е многу вкусно и тенко.
Рецепт, состојки и подготовка следете подолу во постот.
За тесто за 4 пастрмајлии ви се потребни
600 грама брашно
450 мл млака вода
1/2 коцка свеж квасец
1л сол
1л шеќер
600 грама месо на коцки по избор
200 грама сирење по избор
8 јајца (за 4 пастрмајлии)
Просејте го брашното и во него додадете една лажичка сол.
Во сад ставете 150 мл млака вода и 1 лажичка шеќер, водата треба да биде на температура околу 30 степени и во неа додадете половина коцка свеж квасец.
Може да користите и сув квасец. Соодносот е 1 спрема 2, или ако ставите 10 грама свеж квасец, потребно е да ставите 5 грама сув квасец.
Измешајте го квасецот со водата и шеќерот и оставете го пет до десет минути да се активира.
Потоа додадете ја водата во брашното и додадете го остатокот 300 мл млака вода.
Со дрвена лажица измешајте ги водата и брашното да се соединат и покријте го садот со фолија.
Оставете го на собна температура дваесет минути, на топла собна температура многу брзо ќе нарасне двојно и повеќе. Тестото ќе биде лепливо. На работна маса додадете масло за да не ви се лепи и поделете го тестото на 3 или 4 дела, во зависност колку пастрамајлии сакате и која големина сакате.
Откако ќе ги поделите на еднакви делови, ако има потреба поросете малку со брашно и од краевите навнатре обликувајте го тестото во топка, потоа притиснете и развлечете го со раце во долгнавеста правоаголна форма. На премачкана тава за печење со раце обликувајте го тестото, така што со цела дланка притиснете за да го издолжите тестото и на краевите да имате поиспакнати краеви кои на крајот нема да дозволат филот да излегува и јајцата ќе останат внатре.
За полесно да ја растегнете пастрамајлијата во тавата нанесете ладен путер или ладна свинска маст.
Откако ќе го обликувате тестото нанесете парчиња сирење и врз нив додадете го месото на коцки.
Печете во загреана рерна на 220 степени десетина минути додека да потемната малку краевите. Потоа извадете ја пастрмајлијата во секоја ставете по две јајца одозгоре.
Јајцата може да бидат цели или малку изматени, во зависност од тоа како вие ги сакате.
Повторно ставете ги пастрмајлиите во рерна додека да се се потпечат јајцата неколку минути.
Кога ќе бидат готови извадете ги од рерна и премачкајте ги краевите на пастрмајлијата со свинска маст или путер и префрлете ги во кеса, фолија за да омекнат убаво.
После неколку минути се спремни за дегустација со феферонки или туршија по избор.
Имајте добар апетит,
Ако ви се допадне рецептот споделете и лајкнете.

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!
next
КОЗИЊАК по рецепт на Мајка ми !
previous
Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!
next
КОЗИЊАК по рецепт на Мајка ми !

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here