Directions
Диетална салата од киноа која освежува и заситува заради протеинот кој го содржи киноата и урдата.
Се подготвува брзо и лесно, одлична е за вечера, може да се освежите во текот на денот, или како предјадење кон главен оброк.
Може да користите зелена салата по избор.
Мојот предлог е комбинација од спанаќ и рукола.
Како да подготвите киноа за секогаш да биде воздушеста и да не се лепи ќе најдете во линкот подолу.
Состојки
100 грама варена киноа
100 грама Спанаќ и Рукола микс
100 грама урда
1 домат сецкан
50 грама непечени кикиритки
неколку маслинки
семиња по избор (мој предлог е микс од семиња од тиква, сончоглед, афион, чиа)
2 л. маслиново масло
за соленост може да додаете и каперси по избор
Ситно исецкајте го доматот на коцки без семки
Претходно сварете ја киноа и оладете ја пред да ја додадете во салатата.
Измешајте ја руколата и спанаќот, и додадете ја во сад за сервирање. Во посебен сад додадете ја киноата, доматот, кикиритките, урдата, измешајте и додадете ги кон зелената салата. На крај додадете маслиново масло и поросете со семиња.
По желба може да додадете каперси. Урдата може да ја замените со сирење. Сол не додадвајте, заради соленоста од маслинките, урдата и каперсите. Измешајте и уживајте во вкусовите.
Имајте добар апетит.