Ingredients
-
700 грама брашносенаменско
-
240 грама маслосончогледово
-
250 грама Путерцел путер на собна температура
-
5 лажици Минерална вода
-
6 лажици Шеќер во прав
-
2 лажици ванила екстракт
-
100 грама Бадемипотпечени(тостирани)
Directions
Меки традиционални колачиња со тостирани бадеми кои едноставно се топат во устата.
Неодоливо вкусни и крцкави во секој залак, со неверојатна арома на ванила, совршени наутро со чај или кафе.
По оригинален рецепт на баба ми, овие традиционални колачиња „Гурабии“ се совршени за престојните божиќни и новогодишни празници.
Во овој рецепт користам путер наместо свинска маст, но доколку сакате можете да користите иста количина маст. Повремено знам да ги приготвам на начин како што баба ми ги правеше во нејзино сеќавање, но и затоа што свинската маст има многу бенефити, но изборот е сепак ваш.
За обликување ви е потребна модла во вашата омилена форма или можете да користите мал филџан ако сакате да добиете форма на полумесечинки.
Лесна подготовка и од една доза ќе имате две тави колачиња за многу гости.
Steps
1
Done
10 минути
|
ПодготовкаПодгответе шеќер во прав за колачињата,за кога ќе ги извадите топли од рерна да можете веднаш да ги извалката уште додека се топли. Шеќер во прав подготвувам дома со мелење на шеќер во мелница, но доколку се одлучите за веќе готов шеќер во прав ќе ви биде полесно. |
2
Done
15 минути
|
ПечењеПечењето треба да биде на веќе загреана рерна на 200 Целзиусови степени. |