Ingredients
-
50 грама натриум хидроксид
-
150 грама вода
-
масло од лаванда, невен и слично
-
маслиново масло, кокосово, шеа путер, какао путер, кокосов путер
Directions
Постапката за подготовка на сапун може да биде потешка кога ќе го правите за прв пат, но откако ќе го направите и користите еднаш овој производ, нема да купувате повеќе од продавница. Може да се користите разни растителни масла или путери. Важно е да се биде претпазлив за време на постапката, бидејќи се користи натриум хидроксид, кој испарува со зреењето на сапунот од 30 до 40 дена. Бидете внимателни и користите ракавици и маска за време на постапката. Користете метален сад кој ќе го користите само за таа намена и метална лажица што не треба да се користи за јадење. Маслата може да се комбинираат од маслиново, кокосово, шеа путер , путер од какао, путер од кокос, масло од невен, лаванда, масло од камилица или она што ви се допаѓа.
Во зависност од потребите, желбата и мирисот што го сакате, се додаваат такви масла и путери. Започнете со топење на сите путери и масла над парна бања, додека да се стопат целосно. Подгответе ја базата за сапунот. За 50 грама натриум хидроксид потребни се 150 грама вода. Прво ставете ја водата во метален сад и додадете 50 грама натриум хидроксид. Мора да бидете претпазливи во овој момент со додавање на натриум хидроксид во водата, не го додавајте одеднаш, туку започнете со едно парче и додавајте со лажица неколку пати. Кога ќе ги измешате течноста ќе достигне висока температура, и постојано мора да мешате додека смесата не стане прозирна и да се избистри. Потоа додадете ја базата во течните масла и путери, и мешајте со миксер околу 10 минути додека смесата да добие густина на пудинг.
