Directions
Лесна и Воздушеста торта која се подготвува за неколку минути со рачен миксер, а филот како здрава варијанта со малку шеќери и полесен вкус се состои од само две состојки, односно свежо блендирани јапонски јаболка со мед.
Користете зрели и омекнати јапонски јаболка, извадете ги од лушпата користејќи лажица, исчистете ги од семка и изблендирајте ги со рачен блендер.
Филот кој ќе го добиете се згуснува со стоење во фрижидер, и по густината наликкува на пудинг.
Доволно е да олади во фрижидер најмалку десетина минути.
За подготовка на оваа торта ви се потребни три јајца, брашно, нишесте, сок од лимон, кафеав шеќер (или шеќер по избор), масло и пециво.
Сите детали на подготовка следете ги подолу.
Состојки :
3 Јапонски Јаболка (за филот)
3 Јајца
200 грама брашно
50 грама Нишесте
150 грама Шеќер
120 мл Сок од Лимон
90 мл Растително Масло (Сончогледово)
1о грама Ванилин Шеќер (1 пакетче)
10 грама Пециво (едно пакетче)
2 Лажици Мед (за филот)
Подготовка и Печење :
Подготовката на оваа торта нема да ви одземе повеќе од пет минути.
Започнете со матење на јајцата додека да се соединат во белките со жолчките и потоа во нив додаете го шеќерот и ваниала шеќерот ако сакате убава арома на ванила. Матете ги со рачен миксер неколку минути додека целосно се растопи шеќерот и да добиете убава смеса.
Потоа во неа додадете ги останатите состојки, сок од свежо цеден лимон, масло (сончогледово), брашно, нишесте, пециво. Матете ги сите состојки додека добиете хомогена смеса.
Во тава 26 цм премачкајте малку масло и префрлете ја смесата за торта. Печете ја на температура од 180 степени 30 до 35 минути.
Додека се пече тортата подгответе го филот од јапонска јаболка.
Потребни ви се три убаво созреани и меки јапонски јаболка, кои со помош на лажица лесно и брзо ќе ги извадите од лушпата. Исецкајте ги и отсранете им ги семкте доколку имаат, додадете им две лажици мед и со рачен блендер испасирајте ги. Може да ги блендирате додека добиете убава и мазна смеса, или ако сакате да ги чувствувате како парченца во тортата блендирајте ги помалку. Оставете го филот во фрижидер да се стегне десетина минути. Јапонските јаболка со стоење во фрижидер ќе се згуснат и ќе добијат густина слична на пудинг.
Печењето на тортата проверете го после 30 минути, за да бидете сигурни дека е готова проверете ја внатрешноста со чепкалка, ако е чиста чепкалката и не остава траги тестото на тортата, значи е убаво печена и одвнатре.
Оставете ја тортата да олади десетина минути и извадете ја од тавата. Пресечете ја на средина и првиот слој премачкајте го со филот, па додадете ја втортата половика од тортата. Доколку сакате да се гледа внатрешната структура на тортата горниот слој отстранете го, ако сакате рустикален изглед оставете ја горната кора и поросете со прав шеќер.
На здравје !