• Home
  • Протеин
  • Вкусен десерт од Гриз со ванила крем! Брза подготовка!
0 0
Вкусен десерт од Гриз со ванила крем! Брза подготовка!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

Adjust Servings:
500 мл Млеко
100 грама Гриз
2 лажици ванила екстракт
55 грама протеин
50 грама нишесте
1 лажица Мед за декорација
фстак за декорација

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Вкусен десерт од Гриз со ванила крем! Брза подготовка!

десерт без шеќер

лесен пудинг од гриз

  • 5 минути
  • Serves 3
  • Easy

Ingredients

Directions

Share

 Гризот содржи многу растителни протеини и скроб, има ниска калориска содржина и е познат по терапевтските диети, дава сила и енергија, а заради високата содржина на скроб има корисен ефект врз слузницата на желудникот. Заради калиумот во составот го отстранува вишокот течности од телото.

Оброците и десертите од гриз се лесни за варење, па затоа ви препорачувам еден лесен десерт кој се  подготвува за пет минути од само неколку состојки.

Се што ви е потребно за овој двослоен десерт е гриз, млеко по избор, засладувач, ванила екстракт и малку нишесте.

Сите детали следете ги подолу, состојките отворете ги со кликање на плусот до состојки.

 

Steps

1
Done
10 минути

Подготовка

Подгответе го првиот слој, пудингот од гриз.
Во тава додадете 300 мл млеко, 100 грама гриз, 25 грама протеин и ванила екстракт 1 лажица.
Како засладувач може да користите шеќер, стевиа или засладувач по избор, и секако млеко по избор.
Сите состојки измешајте ги со маталка да се изедначат, и на оган на средна температура, мешајте постојано додека се згусне смесата. Пудингот треба да биде течен бидејќи дополнително ќе се згусне со ладење. За да не ви се појават грутчиња потребно е да мешате постојано додека ја добиете саката густина.
Потоа во три стаклени садови за сервирање додадете ја смесата како прв слој.
За вториот слој ви се потребни 200 мл млеко, 50 грама нишесте (2 лажици), 30 грама протеин, и ванила екстракт.
Измешајте ги сите состојки, и на средно умерена температура мешајте околу две минути додека добиете убав мазен крем.
Со овој крем дополнете ги садовите со пудингот од гриз и декорирајте со сецкани фстаци.
Подготвените десерти оставете ги во фрижидер 10 минути пред дегустација.
На крај додадете мед и уживајте во лесниот вкус.
На здравје!

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
YOGURT Cake with eggs, oil free!
next
Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Lady Fingers – Рецепт!
previous
YOGURT Cake with eggs, oil free!
next
Италијански Бисквит за Тирамису! Savoiardi – Lady Fingers – Рецепт!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here