0 0
Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Варено Вино со Вишни, Мед и Маџун!

  • Medium

Directions

Share

Варена вино со замрзнати вишни, мед и маџун, лек и вкусен пијалок, совршен за зимските студени денови кој ќе ви ја забрза циркулацијата и ќе ве загрее во исто време. Лажица мед и маџун како здрави засладувачи ќе му дадат блага нота која совршено ќе биде надополнета со киселоста на вишните.

Кога подготвувате варено вино, не треба да користите скапо сортно вино, наместо тоа, користете ефтино суво црвено вино, бидејќи сите зачини ќе му дадат прекрасен ароматичен шмек и вкус а вашите сетила ќе бидат задоволени.

Рецепт и подготовка

– За две чаши:

– 6 парчиња портокал (две на крајот за сервирање )

– 3 анис ѕвезди

– 2 стапчиња цимет

– 1 лажица ѓумбир во прав

– 1 лажица каранфилче во прав

– 2 лажици мед

– 1 лажица маџун

– 3 чаши суво црвено вино

Додадете ги сите состојки во тенџере и оставете да зоврие. Варете на тивок оган 15 минути.

За сервирање додадете  1 парче портокал во секоја чаша и 1 лажица маџун, а потоа прелијте со топлото подготвено варено вино.

Печени бадеми во путер можат да бидат совршено мезе и вистинско уживање во вечерните часови. Рецептот за печените бадеми со путер се на мојот канал.

Видео подготовка за варено вино следете подолу.

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
Mulled Vine with Honey and Sour Cherries!
next
Домашна Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!
previous
Mulled Vine with Honey and Sour Cherries!
next
Домашна Светиниколска Пастрмајлија – Рецепт!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here